Мехмед Рушди-паша
Мехмед Рушди-паша (турски: Mehmed Rüşdi Paşa или Мутерџим Рушди-паша (Mütercim Mehmed Rüşdi Paşa; 1811 Ајанџик - 1876, Маниса) — османлиски државник и голем везир на царството на пет наврати. Бил реформист по убедување и силен поддржувач на танзиматот. Во младоста работел како преведувач на воени дела и служел како полковник.
Мехмед Рушди-паша | |
---|---|
На должноста | |
Стапил 24 декември 1859 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1811 Ајанџик |
Починал(а) | 27 март 1882 |
Вероисповед | ислам |
Воена служба | |
Чин | полковник, паша, голем везир |
Младост
уредиРоден е во 1811 г. во Ајанџик, Синопско во семејство на сиромашен рибар. Кога имал три години семејството се преселило во Истанбул. Таму завршил училиште, а потоа бил повикан во војска. Во воената школа учел кај извесен велможа Танас, кој го научил да чита и пишува француски. Подоцна работел заедно со велможата, и бил забележан како надарен од султанот Абдул Меџит, кој го вработил меѓу најдобрите преведувачи во државата (оттаму и прекарот „Мутерџим“ = преведувач). Рушди се прочул ширум царството со своите преводи на француски дела за воена тактика и обука. Потоа повторно добил унапредување и бил испратен во Англија да учи и да преведува други западни дела. Таму се стекнал со западните идеи кои ги делел со другите негови колеги што се залагале за танзиматските реформи.
Воена кариера
уредиВо 1839 г., на возраст од 28 г. е унапреден во полковник и продолжил да работи како воено лице, па во 1843 г. станал претседател на Воениот совет на државата и делувал во војската сè до оставката во 1853 г. Тогаш бил предложен за валија во Сирија, но ја одбил понудата, одбивајќи и други државни функции само за да избегне работа со Мехмед Али-паша.
Државничка кариера
уредиВо 1959 г. е назначен за голем везир за првпат и на оваа функција бил вкупно петпати, во владеењата на следниве султани:
- 24 декември 1859 - 28 мај 1860, во владеењето на Абдул Меџит I
- 5 јуни 1866 - 11 февруари 1867, во владеењето на Абдул Азис
- 19 октомври 1872 – 15 март 1873, во владеењето на Абдул Азис
- 12 мај 1876 – 19 декември 1876, во владеењето на Мурат V
- 28 мај 1878 - 4 јуни 1878, во владеењето на Абдул Хамид II
Со неговото назначување по петти пат во 1876 г., Рушди-паша веднаш почнал да спроведува истрага за убиството на поранешниот султан Абдул Меџит и обвинил неколку лица. Поради ова, бил сменет само една недела по назчаувањето и даден на царски суд. Султанот Абдул Хамид го осудил на прогонство.Рушди-паша починал во 1882 г. во Маниса од заболување на нервниот систем, на возраст од 71 г. Закопан е во дворот на џамијата Хатунија. [1]
Извори
уреди- http://www.bizimsahife.org/Kutuphane/Osmanli_Tarihi_Ans/Osmanli_Tarihi_M/389_Mutercim_Rusdi_Pasa.htm Архивирано на 4 март 2016 г.
- http://rulers.org/rult.html#turkey
- http://www.ayancuk.com/tarih/index_5.html Архивирано на 5 март 2016 г.
- http://shelf3d.com/i/Mehmed%20Rushdi%20Pasha
- http://www.sembolog.com/2013/09/20/mutercim-mehmed-rusdi-pasa/ Архивирано на 19 декември 2014 г.
Наводи
уреди- ↑ „Countries T“. Rulers.org. Посетено на 2013-11-23.