Махмуд Недим-паша
Махмуд Недим-паша (~ 1818 – 14 мај 1883) — османлиски државник грузиска народнсот.[1] Татко му Мехмед Неџиб-паша бил валија на Багдадскиот вилает.
Бил на неколку пониски државни функции во Високата порта, па потоа станал министер за надворешни работи, валија на Дамаскиот и Ајдинскиот (измирски) вилает, министер за трговија, па потоа и валија на Триполскиот вилает.[2] Освен тоа, бил успешен и како министер за правда и министер за морнарицата во 1869 г., па потоа два наврата и голем везир (премиер), од 1871 до 1872 и 1875 до 1876 г.
Бил многу близок со султанот Абдул Азис, но и под големо влијание на рускиот амбасадор, генералот Николај Игнатјев пред Руско-турската војна. Поради оваа „послушност“ кон Русите го добил прекарод „Недимов“.
Се смета дека бил неуспешен како голем везир по сите основи, и дека е одговорен за издавањето на указот со кој се укинуваат каматите на паричните средства во земјата. Служел и како министер за внатрешни работи од 1879 до 1882 г.
Наводи
уреди- ↑ Buṭrus Abū Mannah (2001), Studies on Islam and the Ottoman Empire in the 19th century, 1826-1876, стр. 163. Isis Press, ISBN 975-428-187-4
- ↑ Sinan Kuneralp (1999). Son Dönem Osmanlı Erkân ve Ricali, 1839-1922: Prosopografik Rehber. İsis. стр. 89.
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Мехмед Емин Али-паша |
Голем везир на Отоманското Царство септември 1871 – 31 јули 1872 |
Наследник Мидхат-паша |
Претходник Ахмед Есад-паша |
Голем везир на Отоманското Царство 21 август 1875 – 11 мај 1876 |
Наследник Мехмед Рушди-паша |