Мирче Најденов Георгиев познат и како Мирчо Најдов и Свеќарчето,[1]македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.

Мирче Најденов
Роден 1878
Мажучиште, Отоманско Царство (денешна МакедонијаМакедонија)
Починал 28 септември 1917
Обртинца, денешна Србија

Животопис

уреди

Мирче Најденов е роден во 1878 година во селото Мажучиште,[2] Прилепско, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Татко му Најдо бил ајдутин, четник во четата на Спиро Црнев. Мирче Најденов станал член на ВМОРО, и во текот на 1904 година, влегол во четата на велешкиот војвода Стефан Димитров. Во 1905 година, се префрла во прилепската чета на Георги Ацев. По смртта на Ацев, на 25 јуни 1906 година, Мирче Најденов станува прилепски околијски војвода. Прилепските чети на Најденов и Ѓоре Спирков земаат учество во Битката на Ножот на 14 јули 1907 година.[3]

По избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година, Мирче станува доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и служи во четата на Крсто Гермов, а подоцна во деветтата велешка дружина. Ранет е на 7 ноември 1912 година. Носител е на орден „За храброст“ IV степен.[4] Во текот на Првата светска војна, служи во Петтиот македонски полк на Единаесеттата македонска дивизија на бугарската армија, а потоа и во составот на Тане Николов во Моравската военоинспекциска област. Тешко е ранет кај селото Обртинца, Поморавје, и умира на пат за болницата во Ниш.[5]

Наводи

уреди
  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 85.
  2. Според други извори е роден во 1881 г. во селото Мало Коњари.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934), Софија, 2001, стр. 112
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 477.
  5. Македонски научен институт