Мирко Ѓошевски (роден на 15 август 1948 година во Студена Бара, Кумановско) — македонски универзитетски професор, филозоф.

Мирко Ѓошевски
Роден 15 август 1948
Студена Бара, Кумановско, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање филозоф

Ѓошевски дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1973). Магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1987), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целиот работен век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што станал редовен професор (од 2005). Бил раководител на Советот на постдипломски студии на Институтот за филозофија, секретар на Филозофското друштво на Македонија, член на Редакцијата на „Филозофија”. Објавил педесетина статии, студии и критички осврти од областа на својот потесен филозофски интерес и професионален ангажман: теорија на познанието, епистемологија и онтологија. Неговиот филозофски опус е критичка синтеза на принципите на марксистичката филозофија, достигнувањата на модерната наука и дострелите на современата епистемолошка мисла)[1].

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓошевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 505–506. Text "series " ignored (help)