Милош Коџоман (Скопје, 22 октомври 1952 - Скопје, 21 ноември 2014) — македонски сликар,[1] припадник на новата генерација уметници што се појавиле во почетокот на 70-тите години на минатиот век. Неговите уметнички проекти ги обележуваат првите прогресивни манифестации, како што се перформансот и инсталацијата.

Милош Коџоман
Роден 22 октомври 1952
Скопје,  СФРЈ
Починал 21 ноември 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање сликар

Животопис

уреди

Коџоман е роден во Скопје во 1952 година. Во 1972 година го завршил Училиштето за применета уметност „Лазар Личеновски“, а во 1974 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Во 1977 година ја добива награда за најдобар студент, на прославата на 30-годишнината на Педагошката академија. Има реализирано над 20 самостојни изложби низ Македонија и во многу светски центри – Виена, Париз, Њујорк и др., а учесник е и на повеќе групни изложби. Добитник е на повеќе престижни награди и признанија, а во 2008 година и највисокото државно признание наградата „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста на Македонија. Неговите дела се застапени во многу уметнички колекции во земјата и во странство. Бил член на ДЛУМ од 1973 година. Починал на 21 ноември 2014 во Скопје.[2]

Наводи

уреди