Милк (англиски: Milk) — американски биографски филм на Гас Ван Сант од 2008 год. Филмот е заснован на животот на политичарот Харви Милк, кој се борел за правата на хомосексуалците. Филмот својата ограничена премиера ја имаше на 26 ноември 2008, а ширум светот на 30 јануари 2008. Сепак големиот број на позитивни критики и маестралната глума на Шон Пен, заслужено филмот го наградија со многу награди на познатите светски филмски фестивали.

„Милк
(Milk)“
Официјален постер
РежисерГас Ван Сант
ПродуцентДен Јинкс
СценаристДастин Ленс Блек
Главни улогиШон Пен
Џош Бролин
Емили Хирш
Џејмс Франко
Жанрдрама
биографија
МузикаДени Елфман
ДистрибутерFocus Features
Премиера30 јануари 2008
Времетраење128 мин.[1]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет15 мил. долари [2]
Бруто заработка$54,501,383[2]

Синопсис уреди

Во 1977 година, во Сан Франциско, Харви Милк (Шон Пен) — избран како еден од застапниците на градскиот одбор. Тоа не би било ништо посебно ако Харви не станеше првиот геј политичар дотогаш избран од страна на американските граѓани. Тој никогаш не ја криел својата сексуалност и се гордеел со тоа што е. Неговата победа на изборите не значело само подобрување на геј заедницата во Сан Франциско, туку Харви без предрасуди решил да им помогне на сите што им е потребно. Се грижел за сите, од старите граѓани па сè до обичните работници, и притоа станал пример како да бидеш вистински борец за човечките права. Неговата работа, труд и залагање за граѓаните и нивните права не станало незапаметено – пред својата привремена смрт во 1978. година станал вистински американски херој.

Дејството на филмот ги следи последните осум години од неговиот живот, почнувајќи од времето кога навршуваат 40те во Њујорк. Таму тој живее со својот партнер и љубовник Скот Смит (Џејмс Франко) па тие двајца после некое време одлучуваат дека е време за промена и се селат во Сан Франциско. По доаѓањето отвораат мала продавница по име Кастро Камера, во самото срце на работничкиот дел од градот. Инспириран од новата околина, Харви го изненадува Скот, но и самиот себеси кога одлучува да стапи во политичките води. После почетното навикнување и со помош на своите блиски полека почнува да создава политичко име, а со својот вешт и забавен начин на говор успева да привлече внимание на сè повеќе граѓани. Наскоро ја добива и својата прва политичка функција, каде мора да соработува со Ден Вајт, што се покажува како вистински предизвик.

Глумечка екипа уреди

Глумци Ликови
Шон Пен Харви Милк
Емили Хирш Клив Џонс
Џош Бролин Ден Вајт
Џејмс Франко Скот Смит
Виктор Гарбер Џорџ Москон
Диего Луна Џек Лира

Филмски критики уреди

На мрежното место Rotten Tomatoes не може да биде подобро – оценката е високите 93%,[3] а консензус критиката вели дека филмот е воден од маестралниот Шон Пен и е триумфална приказна за еден извонреден човек. Судејќи по критиките, всушност Шон Пен, Џејмс Франко, Џош Бролин и мн. други се најјакиот адут на овој филм. Потврда на тоа е коментарот на New York Post: ‘Ваква глума не се гледа секој ден. Сите се сјајни, но сепак мораме да го издвоиме Шон Пен, кој многу лесно би можел да освои Оскар за најдобра машка улога.’ Иако најголемиот дел од пофалбите одат на сметка на глумата, ниту останатите делови од продукцијата не се запуштени – ‘Она што најмногу изненадува е режисерската вештина дека во многу сериозни работи преговара на еден многу креативен и допадлив начин.’ (Boston Globe).

66. издание Златен Глобус уреди

Најдобар глумец во главна улога (Шон Пен) - номиниран[4]

81. издание Оскар уреди

Најдобар филм - номиниран
Најдобра глумец во главна улога (Шон Пен) - ПОБЕДНИК[5]
Најдобар глумец во споредна улога (Џош Бролин) - номиниран
Најдобар режисер (Гас Ван Сант) - номиниран
Најдобро оригинално сценарио - ПОБЕДНИК
Најдобра костимографија - номиниран
Најдобар саундтрак - номиниран
Најдобра филмска режија - номиниран

Наводи уреди

  1. MILK (15)“. Momentum Pictures. British Board of Film Classification. Посетено на March 24, 2014.
  2. 2,0 2,1 „Milk (2008)“. Box Office Mojo. Посетено на March 24, 2014.
  3. „Milk“. Rotten Tomatoes.
  4. „Golden Globes, USA (2009)“. IMDb. Посетено на 2022-01-30.
  5. Milk - IMDb, Посетено на 2022-01-30

Надворешни врски уреди