Милан Кметов
Милан Филипов Кметов ( 1923 во Побожје, Скопје ― 1944 во Липљан, Косово) ― македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Милан Кметов | ||
Роден | 1923 година Побожје, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | декември 1944 година Липљан, Косово |
Животопис
уредиОсновно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во првите есенски денови на 1944 година стапи во 16 македонска ударна бригада, со која учествувал во многу борби против балистите кои се обидувале да навлезат во неговото село, за да го ограбат. Борбата против балистичките банди ја продолжил и по ослободувањето на Скопје, особено во правец на Качаничката Клисура, а потоа на Косово. Во една од тие борби кон крајот на 1944 година, храбро загинал во околината на Липљан, каде бил и закопан од соборците.[1]