Миески нимфеј
Миески нимфеј (грчки: Το Νυμφαίο της Μίεζας) или Аристотелово училиште — храм на нимфите во древномакедонскиот град Миеза во Негушко, Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2]
Остатоци од Миескиот нимфеј | |
Место | Копаново, Негушко |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°37′50″N 22°05′54″E / 40.6305° СГШ; 22.0983° ИГД |
Историја | |
Раздобје | македонско |
Белешки за наоѓалиштето | |
Портал | sxoliaristotelous.gr |
Светилиштето е откриено во месноста Извори, 2 км источно од градот Негуш и западно од селото Копаново во областа Сланица.[1] Според Плутарх во Нимфејот кај Миеза било училиштето на Аристотел, во кое три години учел Александар Македонски:
„ | Потоа, како место каде учителот и ученикот ќе работат и учат, тој им го определил Храмот на нимфите кај Миеза, во кој до денес на посетителите им се покажуваат камените седишта и сенчестите патеки на Аристотел...[3] | “ |
Во светилиштето има три природни пештери и двокатен портик со јонски столбови во облик на буквата П. Во вертикалните карпи се забележуваат лежиштата на покривопотпорните греди, е заднината на стоата,[1] во која Аристотел држал предавања за „етичките и политичките учења“,[3] изградена околу 350 г. п.н.е.[1]
Во 2012 г. нимфејот е прогласен за споменик на културата.[4] Денес крај остатоците од Нимфејот има културен центар со изложбена сала, просторија за состаноци и ресторан.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Η σχολή του Αριστοτέλους στα Ισβόρια Νάουσας“. Δήμος Νάουσας. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 31 мај 2016.
- ↑ „School of Aristotle“. School of Aristotle. Посетено на 31 мај 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Плутарх. Животот на Александар.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ17/55576/2783/12-6-2012 - ΦΕΚ 204/ΑΑΠ/14-6-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-12-08. Посетено на 9 јули 2018.
- ↑ Културен центар — Аристотелово училиште (англиски)
Надворешни врски
уреди- Портал за Аристотеловото училиште (англиски)