Миеза
Миеза или Меза — мал древномакедонски град во областа Ботиаја близу денешното село Голишани, 3 км североисточно од Негуш, Егејска Македонија.[1] Откриен е во ископувања извршени во 1950-тите. Според Плутарх, во Нимфејот (храмот на нимфите) на Миеза било училиштето на Аристотел во кое Александар Македонски учел три години:
Миескиот нимфеј — Аристотеловото училиште | |
Место | Голишани, Негушко |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°38′39″N 22°07′20″E / 40.6441° СГШ; 22.1222° ИГД |
Вид | град |
Историја | |
Раздобје | древномакедонско |
Белешки за наоѓалиштето | |
Откриено | 1950-ти |
Состојба | урнатини |
Прогласено за | споменик на културата |
„ | Потоа, како место каде учителот и ученикот ќе работат и учат, тој им го определил Храмот на нимфите кај Миеза, во кој до денес на посетителите им се покажуваат камените седишта и сенчестите патеки на Аристотел...[2] | “ |
Градот е наречен по Миеза, ќерка на Бер (син на Македон) и сестра на Олган и Бероја од македонската митологија. Ова е родното место на Александровииот војсководец Певкест и брат му Аминта Миески.
Во центарот на древниот град може да се види Миеската агора (плоштад), еднаш северно од Миескиот театар. На плоштадот се откриени и други јавни градби.
Во некрополата се откриени низа гробници на важни личности со голема уметничка вредност. Тоа се Антемиската, Кинховата, Судната гробница и Гробницата на Лисон и Каликле. Откриени се и многу други гробници во околните ниви. Гробови од типот циста има на пошироко подрачје меѓу селата Копаново и Голишани, во месностите Капсура, Рудина, Железничка Пруга, Камара и Тумба. Во месноста Чифлик има остатоци од хеленистичко, римско и доцноантичко време. Во месноста Балтането се пронајдени римски вили, а во Вадос е откриен антички каменолом.[3]
Градот е прогласен за споменик на културата во 1962[4] и повторно во 2012 г.[3]
Галерија
уреди-
Кинховата гробница
-
Фасада на Антемиската гробница (III век п.н.е.)
-
Фасада на Судната гробница (VI-III век п.н.е.)
-
Фрска од Судната гробница со задгробниот живот
-
Живопис од Гробницата на Лисон и Каликле (III век п.н.е.)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „www.livius.org“. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 2023-02-26.
- ↑ Плутарх, Животът на Александър, 7.
- ↑ 3,0 3,1 „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ17/55576/2783/12-6-2012 - ΦΕΚ 204/ΑΑΠ/14-6-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-12-08. Посетено на 9 јули 2018.
- ↑ „ΥΑ 15794/19-12-1961 - ΦΕΚ 35/Β/2-2-1962“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-07-20. Посетено на 29 јуни 2018.