Метју Гриверс (роден на 26 март 1985) е американски пливач кој се натпреварува во дисциплините грбно и краул. На големите меѓународни натпреварувања вклучувајќи ги Летните олимписки игри, Светските првенства и Универзијадите, тој има освоено вкупно шеснаесет медали, од кои седум златни, шест сребрени, и три бронзени. На Летните олимписки игри 2008, Гриверс освоил златен медал како член на американските штафетни тимови на 4×100 м краул и 4×100 м мешано, и сребрен медал на 100 м грбно. Четири години подоцна на Летните олимписки игри 2012 тој го освоил златниот медал на 100м грбно.

Мет Гриверс
220px}}
Гриверс во 2009.
Лични информации
Целосно имеМетју Гриверс
Националност САД
Роден на26 март 1985(1985-03-26)(39 г.)
Роден воЛејк Форест, Илиноис
Висина2.03 м
Тежина104 килограми
Спорт
ДисциплиниГрбно, краул
КлубTucson Ford Dealers Aquatics

Личен живот

уреди

Гриверс е роден на 26 јуни, 1985 во градот Лејк Форест во сојузната американска држава Илиноис.[1] Тој дипломирал во средното училиште Лејк Форест, а потоа студирал на северозападниот Универзитет во Еванстон, Илиноис, и пливал за универзитетскиот пливачки клуб.

Двајцата родители на Гриверс се од Холандија. Гриверс размислувал да плива за Холандија па дури и зборувал за тоа со холандската пливачка легенда Питер ван ден Хогебанд. На крајот, тој решил да настапува за Соединетите Американски Држави.[2]

Пливачка кариера

уреди

На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Гриверс освоил два златни медали со пливањето во преелиминациите во штафетните трки на 4x100 м краул и 4x100 м мешано (пливајќи го грбниот стил) откако подоцна американските штафетни тимови победиле во финалните натпревари од дисциплините. Гриверс исто така освоил и поединечен сребрен медал на 100 м грбно со време од 53.11 секунди, 0.57 секунди зад победникот, светскиот рекордер Арон Пирсол.[3][4][5]

На Светското првенство 2009, Гриверс бил дел од американскиот штафетен тим на 4x100 м краул кој го освоил златото пред Русија и Франција.[6] Гриверс исто така освоил и златен медал на 4x100 м мешано за неговиот придонес во преелиминациите.[7][8]

Летни олимписки игри 2012

уреди

На изборното натпреварување на САД за Летните олимписки игри 2010,, квалификациското натпреварување за игрите во Лондон, Гриверс станал член на американскиот олимписки тим со првото место на 100 м грбно и со третото место на 100 м краул. Во финалето на 100 м грбно, Гриверс победил со време од 52.08 секунди, кое претставувало второ најбрзо отстварување на сите времиња и само позади светскиот рекорд на Арон Пирсол од 51.94 секунди.[9] На 100 м краул, Гриверс се пласирал на третото место со време од 48.55, кое му обезбедило место во американскиот штафетен тим на 4x100 м краул.[10] Тој исто така пливал и на 50 м краул, каде што завршил шести во финалето со време од 22.09.[11]

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Гриверс освоил сребрен медал, со пливањето за второпласираниот американки тим во преелиминациите на 4×100 м краул. Во финалето, американскиот тим испливал втор на целта зад Франција. Пливајќи заедно со Џими Фиген, Рики Беренс, и Џејсон Лежак во преелиминациите, Гриверс втор ја испливал делницата од 100 м со време од 47.59. Откако бил во водство во преелиминациите и во полуфиналето на 100 м грбно, Гриверс освоил златен медал на 100 м грбно со време од 52.16, надминувајќи го олимпискиот рекорд на Арон Пирсол од 52.54 поставен во 2008. За Гриверс, тоа бил првиот поединечен златен медал.[12]

Наводи

уреди
  1. Sports-Reference.com, Olympic Sports, Athletes, Matt Grevers Архивирано на 18 март 2009 г.. Retrieved July 1, 2012.
  2. NBC Olympics Matt Grevers profile[мртва врска]
  3. Men's 4 x 100m Freestyle Relay – Heat 1
  4. Men's 4 x 100m Medley Relay – Heat 2
  5. „Recap of 100m backstroke final“. Архивирано од изворникот на 2009-11-03. Посетено на 2012-09-05.
  6. KAREN CROUSE (July 27, 2009). „Records Fall, and It's Only Day 1“. The New York Times. Посетено на July 27, 2009.
  7. ANDREW DAMPF (August 2, 2009). „Phelps to get shot at 5th gold in Rome“. The Associated Press. Архивирано од изворникот 2009-08-07. Посетено на August 5, 2009.
  8. „Four world records set on final day of World Swimming Championships“. August 3, 2009. Посетено на August 5, 2009.
  9. „2012 U.S. Olympic Team Trials (swimming) – Men's 100 metre backstroke (final)“. Omega Timing. Архивирано од изворникот на 2013-05-22. Посетено на 2012-07-08.
  10. „2012 U.S. Olympic Team Trials (swimming) – Men's 100 metre freestyle (final)“. Omega Timing. Архивирано од изворникот на 2012-07-05. Посетено на 2012-07-08.
  11. „2012 U.S. Olympic Team Trials (swimming) – Men's 50 metre freestyle (final)“. Omega Timing. Архивирано од изворникот на 2012-07-05. Посетено на 2012-07-08.
  12. „Grevers delivers gold“. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди