Метформин
Метформин, со заштитено име Гликофаж помеѓу другите, претставува лек од прва линија за третман на тип 2 дијабетес мелитус.
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
N,N-Dimethylimidodicarbonimidic diamide | |
Клинички податоци | |
Заштитени имиња | Гликофаж, други |
AHFS/Drugs.com | monograph |
MedlinePlus | a696005 |
Licence data | US FDA:врска |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање |
|
Начин на примена | орална |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | 50–60%[1][2] |
Врзување за белковините | минимално[1] |
Метаболизам | нехепатален[1] |
Полувреме на елиминација | 4-8.7 часа[1] |
Екскреција | урина (90%)[1] |
Назнака | |
CAS-број | 657-24-9 |
ATC код | A10BA02 |
IUPHAR/BPS | 4779 |
DrugBank | DB00331 |
ChemSpider | 3949 |
UNII | 9100L32L2N |
KEGG | D04966 |
ChEBI | CHEBI:6801 |
ChEMBL | CHEMBL1431 |
Хемиски податоци | |
Формула | C4H11N5 |
Моларна маса | 129,17 g·mol−1 |
| |
|
Метформинот генерално добро се толерира од страна на организмот.[3] Вообичаени несакани ефекти вклучуваат дијареа, наузеа и абдоминална болка. Ризикот за појава на намалена концентрација на гликоза во крвта е низок.
Метформинот бил откриен во 1922 година.[4] Студиите на луѓе започнале во 1950-тите од страна на францускиот лекар Жан Стерн.[4] Во 2023, е најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,8 милиони рецепти.[5]
Историја
уредиБигванидната класа на антидијабетични лекови, во која исто така спаѓаат и лековите кои веќе не се употребуваат фенформин и буформин, потекнуваат од растението ждралка, растение кое се користело во народната медицина повеќе векови.[6] G. officinalis самата не ги содржи овие соединенија, туку содржи изоамилен гванидин; фенформинот, буформинот, и метформинот се хемиски синтетизирани соединенија составени од две молекули на гванидин, и се повеќе липофилни отколку матичното соединение добиено од ждралката.[6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Dunn CJ, Peters DH (May 1995). „Metformin. A review of its pharmacological properties and therapeutic use in non-insulin-dependent diabetes mellitus“. Drugs. 49 (5): 721–49. doi:10.2165/00003495-199549050-00007. PMID 7601013.
- ↑ Hundal RS, Inzucchi SE (2003). „Metformin: new understandings, new uses“. Drugs. 63 (18): 1879–94. doi:10.2165/00003495-200363180-00001. PMID 12930161.
- ↑ Triggle, CR; Ding, H (17 December 2015). „Metformin is not just an antihyperglycaemic drug but also has protective effects on the vascular endothelium“. Acta physiologica (Oxford, England). doi:10.1111/apha.12644. PMID 26680745.
- ↑ 4,0 4,1 Fischer, Janos (2010). Analogue-based Drug Discovery II. John Wiley & Sons. стр. 47–49. ISBN 9783527632121.
- ↑ „Извештаи“. Е-здравство. Посетено на 2024-02-26.
- ↑ 6,0 6,1 Witters LA (October 2001). „The blooming of the French lilac“. The Journal of Clinical Investigation. 108 (8): 1105–7. doi:10.1172/JCI14178. PMC 209536. PMID 11602616.