Метро на Заливската област на Сан Франциско

Метрото на Заливската област на Сан Франциско (БАРТ, англиски: Bay Area Rapid Transit (BART)) е метро систем кој ја опслужува Заливската област на Сан Франциско во Калифорнија, САД. Издигнатата и подземната железница ги поврзуваат Сан Франциско и Оукленд со градски и приградски населби во окрузите Аламида, Контра Коста, Сан Матео и Санта Клара. БАРТ застанува на 48 постојки на шесте линии во должина од 180 km, вклучувајќи и додатна линија од 16 km со дизелни возови на истокот на округот Контра Коста и 5.1-km автоматизирана линија за превоз на патници на Меѓународниот аеродром „Оукленд“. Во просек, БАРТ пренесува 432.000 патници во еден работен ден.[1] Вкупно во 2019 година, БАРТ пренел 126 милиони патници, што го прави петтиот најкористен метро систем во САД.[2]

Логото на БАРТ.

Управното тело на метрото е основано во 1957 година. Првичниот систем се отворал во етапи меѓу 1972 и 1974 година. Последните проширувања се отвораат на 13. јуни 2020 година во соработка со Транспортната агенција на долината Санта Клара.[3]

Наводи

уреди
  1. „2018 BART Factsheet“ (PDF). BART.
  2. „Ridership Reports | bart.gov“. www.bart.gov. Посетено на 2020-06-10.
  3. Glover, Julian (2020-05-19). „BART announces service start date for long-awaited Milpitas, San Jose Berryessa stations“. ABC7 San Francisco (англиски). Посетено на 2020-06-10.