Мери Хопкин

велшка пејачка

Мери Хопкин (англ; Mary Hopkin; родена на 3 мај 1950 година), на некои песни потпишана како Мери Висконти ― велшка пејачка. Нејзина најпозната песна е „Those Were the Days“. Оваа песна била прво продуцентско искуство на Пол Макартни; синглот со песната бил објавен на крајот од 1968 година и се искачила на врвот на британските топ листи (во САД песната се искачила на второ место). Мери била една од првите изведувачи кои потпишале договор со издавачката куќа на Битлси, Apple.

Мери Хопкин
Мери Хопкин на
Евровизија 1970
Животописни податоци
Роден(а)3 мај 1950(1950-05-03)(74 г.)[1]
Понтардаве, Велс
ЖанровиФолк музика
ЗанимањаПејач Текстописец
Инструменти
  • Вокал, гитара
Период на активност1968–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоmaryhopkin.com

Живот и кариера

уреди

Мери Хопкин е родена во Понтардаве, Велс.[2] [3] Музичката кариера ја започнала како фолк пејачка со локалната група Selby Set and Mary. Пред да потпише со Apple Records, во сопственост на Битлси, таа објавила ЕП со песни на велшки јазик.[4] На 17-годишна возраст, Мери победила на телевизиското талент шоу Opportunity Knocks; нејзиниот настап бил забележан од манекенката Твиги, и ја препорачала на Пол Макартни.[4]

По потпишувањето со Apple Records, Мери го објавила нејзиниот прв сингл „Those Were the Days“; синглот бил продуциран од Пол Макартни и бил објавен во ОК на 30 август 1968 година. И покрај конкуренцијата од тогаш популарната пејачка Сенди Шо, чија сопствена сингл верзија на песната била објавена истата година, верзијата на Мери Хопкин се искачила на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија.[5] Песната исто така стигнала до второ место на американскиот Билборд Хот 100, зад песната „Hey Jude“ од Битлси.[6] Синглот се продал во над 1.500.000 примероци во Соединетите Држави и RIAA ја означила како „златна плоча“. Во светски рамки се продал во преку 8.000.000 примероци.[7]

На 21 февруари 1969 година, Мери го објавила нејзиниот прв албум, Post Card; исто така продуциран од Макартни.[8] На албумот имало преработки на три песни од Донован, кој исто така свирел на албумот, и по една песна од Џорџ Мартин и Хари Нилсон.

Во 1969 година забележала успех со песните „Goodbye“[9] и Temma Harbour“.[10] Во 1970 година, со песната Knock Knock Who's There, Мери Хопкин го претставувала Обединетото Кралство на песна за Евровизија и го освоила второто место.[11]

Во 1971 година, Мери се омажила за американскиот музички продуцент Тони Висконти (продуцент на Дејвид Боуви, покрај другите), со кого претходно соработувала;[4] Хопкин се повлекла од музичката сцена за да основа семејство. Тие се развеле во 1981 година. Кон крајот на 1972 година таа го издала синглот „Mary Had a Baby" / „Cherry Tree Carol“.

 
Мери Хопкин во 1982 година

Во 1980 година, мери глумела во божиќниот мјузикл Rock Nativity во Рединг, каде ја имала улогата на Дева Марија.[12] По ова, таа го запознала продуцентот Мајк Херст (исто така поранешен член на the Springfields) и заедно со Мајк де Албакерки од ЕЛО ја основале групата Sundance.[4] Групата објавила само еден сингл насловен „What's Love“, но бил толку успешен што Dr. Hook ги поканил на неговата турнеја низ Велика Британија; сепак Хопкин незадоволна од свирките брзо ја напуштила групата.

Во 1982 година ја испеала песната „Rachael's Song“ за саундтракот на Blade Runner од Вангелис. Во 1984 година, Мери учествувала во нов проект, група наречена Oasis (да не се меша со рок групата Oasis). Групата ја сочинувале Џулијан Лојд-Вебер, Питер Скелерн, Мич Далтон, Бил Лавледи и Мери Хопкин. По ветувачкиот почеток, групата се распаднала откако Лојд-Вебер се одлучил да започне соло проект, а Мери Хопкин се разболела за време на турнејата во Кардиф и настапите биле откажани и покрај илјадниците веќе продадени билети.

Дискографија

уреди
  • Post Card (1969)
  • Earth Song, Ocean Song (1971)
  • Spirit (1989)
  • Valentine (2007)
  • Recollections (2008)
  • Now and Then (2009)
  • You Look Familiar (with Morgan Visconti; 2010)
  • Painting by Numbers (2013)
  • Another Road (2020)
  • A Christmas Chorale (2020)
  • Pieces (2022)
  • Two Hearts (2023) with Jessica Lee Morgan

Наводи

уреди
  1. „Mary Hopkin Music“. Maryhopkin.com. Посетено на 2015-08-19.
  2. „Those Were The Days: the Mary Hopkin story“. BBC. 5 September 2013.
  3. „Mary Hopkin biography“. BBC. Посетено на 13 June 2023.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Rice, Jo (1982). The Guinness Book of 500 Number One Hits (1st. изд.). Enfield, Middlesex: Guinness Superlatives Ltd. стр. 120. ISBN 0-85112-250-7. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „500 Number One Hits“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 259. ISBN 1-904994-10-5.
  6. „Mary Hopkin | Awards“. AllMusic. 3 May 1950. Посетено на 2015-08-19.
  7. Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 241. ISBN 0-214-20512-6.
  8. „Biography by Richie Unterberger“. Allmusic.com. Посетено на 24 March 2009.
  9. Womack, Kenneth (2014). The Beatles Encyclopedia: Everything Fab Four. Santa Barbara, CA: ABC-CLIO. стр. 336. ISBN 978-0-313-39171-2.
  10. „RPM Top 100 Singles - April 18, 1970“ (PDF).
  11. Rice, Jo (1982). The Guinness Book of 500 Number One Hits (1st. изд.). Enfield, Middlesex: Guinness Superlatives Ltd. стр. 120. ISBN 0-85112-250-7.
  12. „Diary 1971 – 1980“. homepage.ntlworld.com/pat.richmonds. 17 January 1981. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 2015-08-19.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Лулу
со „Boom Bang-a-Bang“
Велика Британија на Евровизија
1970
Наследник
Клоуд Роџерс
со „Jack in the Box"