Мере Хусеин-паша
Мере Хусеин-паша — османски државник со албанско потекло.[1] Тој во два наврати бил Голем везир во 1622 година и 1623 година,[2] и претјодно бил османлиски управник на Египет во периодот меѓу 1620 и 1622 година.[1][3][4] Неговото име „Мере!“ потекнува од зборот за „Земи го!“ во албанскиот јазик, овој прекар го стекнал поради тоа што многупати на своите војници им наредувал да ги „земат [главите]“ на своите противници, т.е. да ги погубат. Тој бил единствениот голем везир кој не зборувал турски.
Мере Хусеин паша | |
---|---|
Голем везир | |
На должноста 5 февруари 1623 – 30 август 1623 | |
Монарх | Мустафа I |
Претходник | Хадим Мехмед-паша |
Наследник | Кеманкеш Али-паша |
На должноста 13 јуни 1622 – 8 јули 1622 | |
Монарх | Мустафа I |
Претходник | Кара Давуд-паша |
Наследник | Лефкели Мустафа-паша |
Отомански управник на Египет | |
На должноста јули 1620 – април 1622 | |
Претходник | Хамиди Мустафа-паша |
Наследник | Бибер Мехмед-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | јули 1624 Цариград, Османлиско Царство |
Националност | османлија |
народност | албанец |
Живот
уредиХусеин-паша е роден во албанското семејство Беголи од околината на Пеќ[5] во средината или при крајот на XVI век.[1][3] Посведочено е дека тој никогаш не научил да говори турски, многу ретко за некој кој живеел во Османлиското царство.
Тој својата кариера ја започнал како ашчибаши (главен готвач) на Сатирчи Мехмед-паша, наскоро станал член на спахиите.[3] Подоцна тој се издигнал на низа на вискораководни државни позиции, сè до јули 1620 година, кога бил назначен за управник на Египет а подоцна и Голем везир.[3]
Како управник на Египет, однесувањето на Хусеин-паша било опишано како „грубо и несоодветно."[6] Тој бил болен во првите неколку месеци, но кога оздравел, направил гозба за своите деца и примил многу дарови, иако поголемиот дел од подароците ги вратил назад.[6] Додека бил управник, неизлевањето на Нил предизвикало голема суша во Египет, што пак довело до негово разрешување во март или април 1622 година.[3][7] Неговиот тефтердар (финасов управник) Хасан, станал управник (кајмакам) по отстранувањето на Хусеин-паша, го обвинил дека проневерил пари од трезорот и жито од силосите и го спречил да го напушти Каиро.[7] Хусеин-паша платил 25.000 златници (динари; половина од бараната сума) и тврдел дека еден месен евреин, кој го оштетил по неговото отстранување од позицијата, би требало да го плати остатокот, тврдејќи дека евреинот мму должел на него износ со вредност иста како остатокот од долгот, по што добил дозвола да си замине.[7] Сепак, кога властите отишле кај евреинот за да ја побараат сумата пари кои и должел кон Хусеин-паша тој им изјавил дека веќе му има платено.[7] Кога го известиле за настанатата ситуација Хусеин-паша, твфрдел дека не е негово грешка и дека евреинот лажел, но се сложил да ги плати останатите 25.000 златници во замена евреинот да биде донесен пред него.[7] Управникот го прифатил овој предлог и му го испорачал евреинот на Хусеин-паша, кој го измачувал и убил и ги земал насила 25.000 златници.[7] По овие настани, Хусеин-паша отпатувал во Романија, која во тој период била под османлиско владение.[7]
Неколку месеци подоцна, на 13 јуни 1622 година, Хусеин-паша бил назначен за Голем везир првпат, но служел помалу од еден месец сè до 8 јули 1622 година под владение насултанот Мустафа I. НАредната година, го назначил за Голем везир уште еденаш, од 5 февруари 1623 година па сè до 30 август 1623 година.
Хусеин-паша бил погубен во јули 1624 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Uzunçarsılı, İsmail Hakkı, (1954) Osmanlı Tarihi III. Cilt, 2. Kısım , XVİ. Yüzyıl Ortalarından XVII. Yüzyıl Sonuna kadar, Ankara: Türk Tarih Kurumu (Altıncı Baskı 2011 ISBN 978-975-16-0014-1 ) p. 380
- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Mehmet Süreyya (1996) [1890], Nuri Akbayar; Seyit A. Kahraman (уред.), Sicill-i Osmanî (турски), Beşiktaş, Istanbul: Türkiye Kültür Bakanlığı and Türkiye Ekonomik ve Toplumsal Tarih Vakfı
- ↑ Yılmaz Öztuna (1994). Büyük Osmanlı Tarihi: Osmanlı Devleti'nin siyasî, medenî, kültür, teşkilât ve san'at tarihi (турски). 10. Ötüken Neşriyat A.S. стр. 412–416. ISBN 975-437-141-5.
- ↑ Uran Asllani (2006-06-08), Albanians of Egypt, and their patriotic activity (албански), Gazeta Metropol,
Mbas Sinan Pashës, konkretisht në vitet 1620-1622, në krye të Egjiptit u caktua si vali, Merre Hysein Pashë Begolli, nga Peja.
- ↑ 6,0 6,1 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 43.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 44.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Кара Давуд-паша |
Голем везир 13 јуни 1622 – 8 јули 1622 |
Наследник Лефкели Мустафа-паша |
Претходник Хадим Мехмед-паша |
Голем везир 5 февруари 1623 – 30 август 1623 |
Наследник Кеманкеш Али-паша |