Мена Спировска
Мена Спировска - Менче (Прилеп, 22 март 1928 - Скопје, 20 март 2011) — прва академски образована ликовна уметничка во Македонија. Била нарекувана првата македонска феминистка која шкирала со своите дела. Таа е сопруга на еден од основоположниците на македонската модерна уметност, сликарот и графичар Драгутин Аврамовски - Гуте, и има огромно влијание за истата таа модерност и еманципација на македонското општество, во периодот по Втората светска војна.[1]
Мена Спировска - Менче | ||
Роден | 22 март 1928 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 20 март 2011 Скопје, Македонија | |
Занимање | сликарка и графичарка |
Животопис
уредиСпировска е родена во Прилеп на 22 март 1928 година. Завршила средно уметничко училиште во Скопје, и потоа заминала на Академија во Загреб, каде била заедно во класата со Ордан Петлески и нејзиниот иден сопруг Драгутин Аврамовски - Гуте. Менче како посебно талентирана веднаш била примена во втора година, без да ја посетува првата година на Академијата. Се вратила во Скопје во 1955 година, и била дел од една интелектуална атмосфера наклонета кон промени, кон современи перспективи во уметноста, а и во сите останати области од живеењето. Со сопругот и уште 4-мина графичари имала изложба на којаа се претставиле вон музејски или галериски простор, вон институција во 1956-57 година. Тоа било во Клубот на умениците, кафеаната Кај Јоле и Почу, што за тоа време не било вообичаено. Таа творела до 1962 година кога престанала да слика, зашто едноставно не можела сѐ да постигне, да ја одржува куќата, семејстото, работата во училиште. Работела како наставничка по ликовно образование, прво во Женската гимназија, денешена „Јосип Броз Тито“, потоа во гимназиите „Орце Николов“ и „Цветан Димов“. Од 1970-тите предава сликарски техники во Средното уметничко училиште каде што се пензионирала во 1988 година. Починала во Скопје на 20 март 2011 година.[2] Спировска била првата уметничка во Македонија која сериозно се зафатила со графичка уметност. Таа главно работела дрворез, но и цртежи, а мотивите биле женски ликови и актови, па женскиот елемент останнал нејзина главна одлика, покрај стилската прогресивност и истражувањата во различни дисциплини.
Наводи
уреди- ↑ „СЛИКАРКАТА МЕНА СПИРОВСКА БЕШЕ ПРВАТА ФЕМИНИСТКА ВО МАКЕДОНИЈА, ШОКИРАШЕ СО ДЕЛАТА“. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 2016-10-16.
- ↑ ПОЧИНА ГРАФИЧАРКАТА МЕНЧЕ СПИРОВСКА[мртва врска]