Мајкл Кенет Ман (англиски: Michael Kenneth Mann; роден на 5 февруари 1943 година) ― американски режисер, сценарист и продуцент, познат по неговиот специфичен стил на криминалистичка драма.[1] Негови најпознати дела се филмовите „Крадец “ (1981), „Ловец на луѓе“ (анг: Manhunter) (1986), „Последниот мохиканец“ (1992), „ Врелина“ (1995 година), „Инсајдер“ (1999), „Колатерал “ (2004) и „Државни непријатели “ (2009). Како извршен продуцент е познат по популарната ТВ серија Пороците на Мајами (1984–89), која ја адаптирал во игран филм од 2006 година.

Мајкл Ман
Мајкл Ман во 2014
Роден(а)5 февруари 1943(1943-02-05)(81 г.)
Чикаго, САД
Занимање
  • Режисер
  • сценарист
  • продуцент
Активен период1968–present
СопружникСамер Ман (в. 1974)
Деца4

За неговите дела, бил номиниран од меѓународни организации и жирија, меѓу кои и Британската академија за филмска и телевизиска уметност, Канскиот филмски фестивал и Академијата за филмски уметности и науки. Како продуцент, Ман двапати бил номиниран за Оскар за најдобар филм, прво за „Инсајдер“, а потоа и за „Авијатичар“ (2004), кој прво требало да го режира Ман за потоа проектот да му биде доделен на Мартин Скорсезе. Total Film во 2007 година го ставил Ман на 28-мо место на нивната листа од 100 најдобри режисери во историјата,[2] а Sight and Sound го рангирал на 5-то место на нивната листа од 10 најдобри режисери во последните 25 години (за годините 1977-2002 ).

Биографија

уреди

Мајкл Ман е роден на 5 февруари 1943 година во Чикаго[3] во семејство на украински Евреин, учесник во Втората светска војна.[4][5] По дипломирањето на Универзитетот во Висконсин,[6] заминал во Лондон за да студира филмска уметност. Таму се запознал со други современици како Ридли Скот, Алан Паркер и Адријан Лејн, со кои работел заедно на реклами и кратки документарни филмови.

Филмски стил и тематика

уреди

Негов заштитен знак се филмови со силно осветлени ноќни сцени и необична музика, како на пример Tangerine Dream во „Крадец“ и музиката во Ловец на луѓе. Во многу филмови (Последниот мохиканец, Врелина, Ловец на луѓе, Инсајдер, пороците на Мајами) негов стил е да се прикаже главните ликови како гледаат во водени пространства додека донесуваат важни одлуки кои влијаат врз заплетот.

Филмовите на Ман при снимање на звуци од пукотници се истакнуваат со реализам, а тој претпочита да користи необработени аудио снимки од сцената, наместо звучен микс. Во многу негови филмови пред продукцијата на акционите сцени, глумците посетуваат курсеви за ракување со оружје и за прецизно да го доловат звукот на боева муниција во сцените пукаат со „ќорци“.[7]

Филмографија

уреди
Режија
година Наслов Дистрибутер
1981 Крадец United Artists
1983 The Keep Paramount Pictures
1986 Ловец на луѓе De Laurentiis Entertainment Group
1992 Последниот Мохиканец 20th Century Fox / Warner Bros.
1995 Врелина Warner Bros.
1999 Инсајдер Buena Vista Pictures
2001 Али Sony Pictures Releasing / Initial Entertainment Group
2004 Колатерал DreamWorks Pictures / Paramount Pictures
2006 Пороците на Мајами Universal studios
2009 Државни непријатели
2015 Црна шапка
2023 Ферари STX Entertainment

Награди и номинации

уреди
година Наслов Оскар БАФТА Златен глобус
Номинации Добитник Номинации Добитник Номинации Добитник
1992 година Последниот Мохиканец 1 1 7 2 1
1999 година Инсајдер 7 1 5
2001 година Али 2 2 1 3
2004 година Колатерал 2 5 1 1
Вкупно 12 1 15 4 10 0

Наводи

уреди
  1. „Michael Mann“. Encyclopedia Britannica. Посетено на November 18, 2017.
  2. „The Greatest Directors Ever“. Total Film. August 20, 2007. Посетено на May 20, 2008.
  3. Brooks, Xan (February 13, 2002). „Ali likes the film a lot. He's seen it six times“. The Guardian. London. Посетено на May 12, 2010.
  4. „Michael Mann Biography (1943-)“.
  5. Michael Mann Biography | TVGuide.com
  6. Wildermuth, p. 2
  7. Abrams, Simon. „Why Is Heat So Great? Let's Ask Michael Mann“. Vulture (англиски). Посетено на 2022-10-14.

Надворешни врски

уреди