Неофит II Цариградски
Неофит II — грчки духовник и вселенски патријарх во 1602–03 и 1607–12 г.
Неофит III Цариградски | |
---|---|
Вселенски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Редови | |
Чин | патријарх |
Лични податоци | |
Роден | ? Атина |
Починал | ? |
Националност | Грк |
Претх. служба | атински митрополит |
Роден е во Атина. Од 1597 до 3 април 1602 г. владикувал како атински митрополит, па бил избран за вселенски патријарх на местото на неговиот соперник Матеј II. Следната година е отстранет под обвинение за различни скандали. Првично е протеран на островот Родос, а оттаму во манастирот „Св. Катерина“ на подножјето на Синајската Гора.[1]
На 15 октомври 1607 г. е вратен на престолот и продолжил да ја возглавува патријаршијата пет години. Внимателно ја усогласил управната пракса на црквата и канонските закони со современите потреби и спровел разни мерки со кои ја добро ја снабдил патријаршиската каса.[1] Одржувал врски со западните вадетели како папата Павле V и шпанскиот крал Филип III. Неофит го наговарал шпанскиот крал да појде во крстоносен поход за ослободување на христијаните од Османлиите, одејќи дотаму да направи големи попусти за усвојување на делови римокатоличката доктрина и признавање на приматството на папата.[1] Прозападната политика и изнудувањето средства му донеле многу непријатели, вклучувајќи го александрискиот патријарх Кирил II (Кирил Лукарис), кој издејствувал да се симне Неофит и го наследил како привремен патријарх Кирил I во октомври 1612 г. Во прво време намерата била Неофит да се протера повторно на Родос, но наследникот Тимотеј II го спречил неговото прогонство, како негов близок заштитник.[1]
Погребан е на островот Халки (Хејбелиада) кај Цариград.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Неофит II“. Цариградска патријаршија. Посетено на 20 април 2014. (грчки)
Претходник Матеј II |
Цариградски патријарх 1636-1637 |
Наследник Матеј II |
Претходник Рафаил |
Цариградски патријарх 1636-1637 |
Наследник Кирил I како привремен служител |