Маска
припитомен
Научна класификација
Род: Equus

Маска[1][2] — назив за мелез добиен со вкрстување на магарица со пастув. Маската е резултат на обратно вкрстување од мулето, кое е производ на магаре и кобила. Маската е различна од мулето и по физиологија и по нарав како последица на геномскиот отпечаток и исто така е поретка.

Опис

уреди

Маската како и мулето се одликува хибридни особености.[3]

Општо земено, и кај двата хибриди предните делови и главата на животното се слични на оние на таткото, додека задните делови и опашката се повеќе слични на оние на мајката.[3] Маската вообичаено е помала од мулето, со пократки уши и полесна глава, опашката е ресеста како онаа на мајката магарица.[3]

Посебните фенотипови на маската и мулето делумно се припишуваат на геномското втиснување - елемент на епигенетско наследување.[4] Маските и мулињата се разликуваат по наравот и покрај тоа што споделуваат нуклеарни геноми. Се верува дека и ова може да се припише на дејството на впечатените гени.[5]

Плодност, стерилитет и реткост

уреди

Според повеќето извештаи, маските се стерилни и не се способни за репродукција.[3] Мажјакот може да се пари, но емисијата не е плодна. Многу немаат сперма во емисијата, други имаат сперма која не е подвижна.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „маска“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „маска“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Valerie Porter, Lawrence Alderson, Stephen J.G. Hall, D. Phillip Sponenberg (2016). Mason's World Encyclopedia of Livestock Breeds and Breeding (sixth edition). Wallingford: CABI. ISBN 9781780647944.
  4. Hunter, Philip (2007). „The silence of genes. Is genomic imprinting the software of evolution or just a battleground for gender conflict?“. EMBO Reports. 8 (5): 441–443. doi:10.1038/sj.embor.7400965. PMC 1866201. PMID 17471258.
  5. Wang, Xu; Miller, Donald C.; Harman, Rebecca; Antczak, Douglas F.; Clark, Andrew G. (2013). „Paternally expressed genes predominate in the placenta“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 110 (26): 10705–10710. Bibcode:2013PNAS..11010705W. doi:10.1073/pnas.1308998110. PMC 3696791. PMID 23754418.
  6. Zong, E; Fan, G (June 1989). „The variety of sterility and gradual progression to fertility in hybrids of the horse and donkey“. Heredity. 62 (3): 393–406. doi:10.1038/hdy.1989.54. PMID 2753743.