Мартин Јорданоски

Мартин Јорданоски (Скопје, 1987)[1] – македонски филмски и театарски глумец.

Мартин Јорданоски
Роден 1987
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
До балчак
Сенки
Балканот не е мртов
Занимање глумец

Животопис

уреди

Мартин Јорданоски е роден во Скопје во 1987 година, каде го завршил основното и средното образование. Од својата 14. година се занимава со глума. Се запишал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин и дипломирал во 2012 година. Се вработил во Театарот за деца и младинци.[1]

Аматерски се занимава со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам.

Творештво

уреди

Мартин Јорданоски преку 10 премиери и ги толкувал улогите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и др.

Активен е на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со Македонската филхармонија, а својот глас го позајмил во над 30 детски анимирани серии.[1]

Од 2023 до 2024 година, е водител на емисијата за деца "Квиско" на МРТ 1.

Филмографија[2]

уреди
Година Филм Улога
2007 Сенки Дамјан
2013 Кошмар /
2013 Балканот не е мртов Револуционер
2014 До балчак Филип
2014 5+ фамилија Максимилијан
2019 Фамилијата Марковски Стефан
2020 Зоки Поки глумец во театар
2022 Снежана на крајот умира Стопанственик муштерија

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди