Марта Маркоска
Марта Маркоска (родена на 29 јуни 1981 година во Скопје) — македонска писателка.
Марта Маркоска | |
---|---|
Роден(а) | 29 јуни 1981 Скопје, Македонија |
Националност | Македонка |
Занимање | писателка |
Биографија
уредиМарта Маркоска е родена на 29 јуни 1981 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала Интердисциплинирани културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска книжевност во Скопје. Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија, и досега има 12 авторски објави.
Нејзиното творештво е преведено на повеќе светски јазици и застапено во повеќе антологии на современата македонска и странска поезија и проза, а самата е составувач на Антологијата на љубовно-еротска лирика насловена „Гребени на љубовните пловидби“ (2014). Маркоска свои текстови објавувала и во: научните списанија Спектар и Културен живот, електронските списанија за литература Блесок и Мираж,списанијата Синтези и Современост, списанието за книжевност и култура АКТ, електронскиот конкурс за литература, Електролит, списанијата Стожер, Маргина, списанието Книжевно житие, списанијата Елитна и масовна култура и Вкалапувања, збирките Зборници на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија (Rukopisi) и други, како и рецензии за театар во дневниот весник Дневник, рецензии за филмови и текстови од областа на културата на многу од македонските интернет портали.
Збирката поезија „Црни дупки во нас“ е издадена на турски јазик во Истанбул во 2016 година, како и на српски јазик во Белград во 2017 година.
Маркоска е добитничка на наградите: Прва награда за најдобар расказ на конкурсот Електролит (Темплум / Маргина) за расказот „Што се случува кога го читате Фрејзер“ (2007), награда Ацо Караманов (2012) за поетскиот ракопис „Стрмоглаво кон височините“; награда Бели мугри (2014), за поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“,[1] награда Тодор Чаловски за поезија, есеистика, критика и креативни прозни форми, 2015 (прв лауреат);[2] награда за краток расказ на Нова Македонија, за расказот „Височините на Феликс“ (2015).
Со музика се занимава од 2006 година, и како музичарка, перкусионистка, во неколку џез формации, учествувала во два театарски мултимедијални перформанси, а е музички илустратор и на неколку документарни филмови, меѓу кои и документарецот „Верувам во Македонија“, посветен на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.
Марта Маркоска е роле-моделот на кампањата LARGER THAN LIFE - Хуманитарно-мотивациска кампања за здравјето и убавината на жената.[3] Нејзиниот најнов проект MARTA'S PALACE е посветен на Меѓучовечките и меѓупартнерските односи.[4]
Дела
уреди- „Сите притоки се слеваат во моето корито“ - книга песни, (Темплум, Скопје, 2009)
- „Вител во Витлеем“ - збирка раскази, (Темплум, Скопје, 2010)
- „Хипер Хипотези“ - збирка есеи (Институт за македонска книжевност, Скопје, 2011)
- „Стрмоглаво кон височините“ - книга песни (Штип, 2012)
- „Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла)“ - научна студија, Матица, Скопје, 2013
- „Култура и меморија (културолошки студии)“, Матица, Скопје, 2014
- „Црни дупки во нас“ - книга песни, Скопје, 2014
- „Фил(м)увани приказ(н)и“ - научни студии за филмот и кинематографијата, Евро-Балкан, Скопје, 2017
- H/ERO/T/IC BOOK или Херојска еротска книга, 2019
- Сценарио, режија и музичка илустрација на документарниот филм THE FUTURE IS NOW! (Value Based Leadership), 2019 (одбележување на 15 години од смртта на претседателот Борис Трајковски).
- H/ERO/T/IC BOOK (II Англиско издание, Хонгконг)[5]
Наводи
уреди- ↑ Објава за наградата „Бели мугри“
- ↑ Објава за наградата Тодор Чаловски
- ↑ „LARGER THAN LIFE“. Архивирано од изворникот на 2021-08-13. Посетено на 2021-08-13.
- ↑ Официјална страница за проектот на YouTube
- ↑ Книгата на Амазон
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 13 мај 2019 г.