Марко Христов
Марко Христов или познат како Мирче[1](1879, Сопотница - 30 јули 1942, Сопотница) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.
Марко Христов Марков | ||
Роден | 1879 Сопотница, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 јули 1942 Сопотница, Царство Бугарија | |
Познат | војвода на ТМОРО |
Животопис
уредиМарко Христов Марков е роден во 1879 година во демирхисарското село Сопотница, Македонија, тогаш во Отоманското Царство. Во 1902 година се приклучил во четите на Веле Марков и Ѓурчин Наумов.
Во Илинденското востание со својата селска чета учествувал во одбрана на Крушевската република.
Има неколку борби, кај месноста Кале, Бушева чешма и други. Во 1905 година бил четник во четата на Никола Карев и учествувал во борбата кај кратовското село Рајчани. Марко Христов починал на 30 јули 1942 година во родното село Сопотница, тогаш во рамките на Царството Бугарија [2].
Извори
уреди- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 179