Марко Бизот (роден на 10 март 1991 година) ― холандски професионален фудбалер, кој игра како голман во ередифизискиот клуб АЗ Алкмар и холандската репрезентација.

Марко Бизот
Лични информации
Целосно име Марко Бизот
Висина 1.94 м
Положба Голман
Клупски информации
Тековен клуб
АЗ Алкмар
Број 1

Кариера уреди

Ајакс уреди

Роден во Хорн, Холандија, Марко Бизот ја започнал својата кариера во раната младост за СВ Вестфризен во Звааг, Холандија. Ова е местото каде што бил откриен на десетгодишна возраст и донесен во младинската академија на Ајакс во 2000 година, од каде што започнал на Е-младинските нивоа. Тој бил приклучен во резервниот клуб на Ајакс, Јонг Ајакс за сезоната 2010/11, каде што добил големо време на игра под тренерите Питер Хаустра и Фред Грим. По успешната сезона со Јонг Ајакс, Бизот доби продолжување на договорот и бил позајмен во Камбур во холандскиот Ерсте Дифизи за сезоната 2011/12, со цел да стекне искуство и да се докаже како играч.[1]

Хронинген уреди

На 14 јуни 2012 година, Ајакс и Хронинген се договориле за директен трансфер на Бизот. Бизот бил развиен во солиден голман Ередифизи и одиграл 50 натпревари во две сезони за екипата.

Генк уреди

На 22 јуни 2014 година било објавено дека Хронинген го продал Бизо на белгиски Генк. Тој потпишал договор на три години.

АЗ Алкмар уреди

На 10 мај 2017 година, Бизот потпишал договор во АЗ Тој бил избран за замена на Тим Крул, кој се врати во Њукасл Јунајтед после истек на позајмица. Бизот ги одигра сите 40 службени натпревари во следната сезона и заиграл на финалето на Купот на ТОТО КНВБ. По летото, тој останал доследен на повеќето натпревари без примен гол досега во Ередивизие.[2] На февруари 2020 година го продолжи договорот до средината на 2022 година.

Меѓународна кариера уреди

Бизот го стекнал првиот целосен меѓународен повик во првиот тим на Холандија на Роналд Куман во март 2018 година. Дебитирал на пријателскиот натпревар против Шпанија на 11-ти ноември 2020 година.[3]

Наводи уреди

  1. „Marco Bizot profile“. Goal.com. 24 October 2011. Архивирано од изворникот на 2016-12-13. Посетено на 24 October 2011.
  2. „Marco Bizot profile“. Goal.com. 13 March 2020. Посетено на 13 March 2020.
  3. „Weghorst: 'Plek in voorselectie Oranje stap naar allergrootste droom' - NU - Het laatste nieuws het eerst op NU.nl“. www.nu.nl. Посетено на 13 јуни 2021.

Надворешни врски уреди