Марково исповедание

Марково исповедание — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина

уреди

Крале Марко лежел болен веќе три години и никако не можело да се најде лек за него. Тогаш, неговата мајка му кажала дека е болен поради своите гревови, така што таа повикала девет попови за да го исповедаат Марко. Ним Марко им кажал дека направил многу гревови, но најголемиот грев го направил во арапската земја. Таму, Марко се борел против Арапите, кои речиси биле поразени, но тогаш се послужиле со итрина: земјата ја послале со сабји, така што коњите на дружината на Марко си ги исекле нозете. Потоа, Марко бил заробен и лежел в затвор цели девет години, без да знае кога е зима, а кога лето. Додека бил затворен, на Марко му помагала царската ќерка, која на лето му носела цвеќе, а на зима - снег. Еднаш, кога царот бил на лов, Марко ја измамил девојката, ветувајќи дека ќе ја земе за жена, ако го ослободи. Таа го извадила од затворот и потоа, двајцата побегнале со три товари богатство. Кога стигнале во Прилепското Поле, Марко ѝ ја пресекол главата на Арапката. Откако Марко се исповедал, поповите му пееле молитви во текот на три дена и три ноќи, по што Марко заспал, а кога се разбудил, веќе бил оздравен.[1]

Наводи

уреди
  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 76-78.