Марија Бергам
Марија Бергам (Котор, 5 април 1991 година) е српска театарска, телевизиска и филмска актерка.
Биографија
уредиРодена во Котор, Марија е по потекло од блискиот Столив. Нејзината прва телевизиска улога била во филмот „Стапица“ од 2007 година, каде што ја играла улогата на малолетната ќерката на локалниот тајкун, Алиса. По завршувањето на третата година од средно училиште, се запишала на Факултетот за драмски уметности во Белград.[1] Како студентка на глума во трета година, била наградена од фондот Дара Чалениќ за најдобра актерка во претставата Работниците умираат пеејќи во Стериино позорје во 2012 година.[2] Во меѓувреме, таа работела и на филмот Никаде, кој премиерно бил прикажан по повеќе од пет години, на 26 август 2017 година. Во текот на 2013 година, таа се појавила во продукциите Каде е Наџа? и Фалсификаторот. Истата година дипломирала во класата на професорката Билјана Машиќ. Со неа учеле Ива Стефановиќ, Милан Мариќ, Милена Живановиќ, Немања Стаматовиќ, Соња Ковачевиќ, Иван Заблаќански, Ваја Дујовиќ, Матија Живковиќ и Марија Стокиќ. Таа играла и во третата сезона на серијата Будва на пена од морето.[3]
По породилната пауза, Марија го поминала кастингот за улога во серијата Сенки над Балканот на Драган Бјелогрлиќ.[4] Таа не ја добила улогата веднаш,[5] но по два месеци и бил доделен главниот женски лик во тој проект.[6] Серијата изобилува со еротски сцени, во кои Маја Давидовиќ, кој е нејзиниот лик во серијата, се појавува целосно гола. Нејзиниот партнер, обвинителот Војин Ѓукиќ, во првата сезона од серијата го толкуваше Милош Тимотијевиќ.[7] Сцените предизвикале поделени мислења во јавноста, а и самата актерка признала одредена непријатност за време на снимањето, но и нагласила дека тоа го смета за составен дел од нејзината професија.[8] Во април 2018 година , Марија со екипата на серијата Воена академија, почнала да ја снима 4та. сезона, каде за прв пат во кариерата се појавила на сет заедно со својот сопруг.[9]
Покрај телевизиските улоги, Марија играла и во неколку театри.[10] На Факултетот за драмски уметности во Белград започнала да работи како стручен соработник по предметот глума.[11]
Од бракот со Радивоје Буквиќ го има синот Данило.[12][13] Нејзиното семејство од страната на нејзиниот татко се католици, а од страната на нејзината мајка се православни.[14] Таа во вториот брак ја родила ќерката Олга.[15]
Награди и признанија
уреди- Награда од фондот Дара Чалениќ за најдобра млада актерка во претставата Работниците умираат пеејќи на 57. Стериино позорје, 012 година.[16]
Наводи
уреди- ↑ Рајевић-Савић, Марина (24 мај 2017). „Док анђели спавају - Радивоје Раша Буквић и Марија Бергам“. tvhram.rs. Архивирано од изворникот на 24 ноември 2017.
- ↑ „Marija Bergam: Želja mi je da zaživim u pozorištu“. Глас јавности. 2 јули 2017. Архивирано од изворникот на 18 октомври 2018. Посетено на 1 ноември 2017.
- ↑ „GOLIM TELOM ZAPALILA SRBIJU Na ekranu je bludnica, a u životu...“. Ало!. 30 октомври 2017.
- ↑ Radanov, Ljubomir (30 октомври 2017). „GLUMICA MARIJA BERGAM ZA KURIR: Zamalo da ubijem kolegu“. Курир.
- ↑ Bakić, E. (25 август 2017). „Marija Bergam: Dva mjeseca sam se pekla dok me Bjelogrlić nije pozvao“ (босански). Дневни аваз. Архивирано од изворникот на 7 ноември 2017.
- ↑ „Pala poslednja klapa Bjeline serije „Senke nad Balkanom"“. Дневни аваз. 26 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 7 ноември 2017.
- ↑ Kovačević, Miona (27 октомври 2017). „Marija Bergam gost "Blica": Kad sam čula komentare Bjelinih saradnika, ja sam se zaledila“. Блиц.
- ↑ „Marija Bergam – zvezda "Senki nad Balkanom": Bilo mi je izuzetno neprijatno da snimam ljubavne scene...“. hellomagazin.rs. 24 октомври 2017.
- ↑ T, Lj. (21 март 2018). „"Senke nad Balkanom" su je proslavile, a sada je dobila ulogu u drugoj seriji o kojoj će svi pričati!“. Блиц.
- ↑ V., I. (30 октомври 2017). „O NJENOM GOLOM TELU SRBIJA I DALJE PRIČA Prelepa glumica koju znate po seksi scenama krije zapravo nesvakidašnju ljubavnu priču“. Блиц.
- ↑ Sudar, Suzana (2 јуни 2021). „Marija Bergam: Gluma me oslobađa sopstvenog ludila“. Нова С.
- ↑ Tozev, Ljubomir (8 мај 2017). „ONA je glavna glumica u "Senkama nad Balkanom": Ja sam bahata, razmažena i izmišljena“. pulsonline.rs.
- ↑ Tasovac, Mirjana (30 октомври 2017). „Marija Bergam u novoj "Gloriji": Zvezda je rođena“. gloria.rs. Архивирано од изворникот на 8 ноември 2017.
- ↑ „Marija Bergam dva puta slavi Božić, a sina uči da Deda Mraz ne postoji! Glumica iznela u javnost detalje koje nikad do sad nije: Muž joj u strahu da ne slomi zub na česnicu!“. Kurir.rs.
- ↑ „Posle razvoda od Raše Bukvića: Marija Bergman udala se u tajnosti i rodila ćerku Olgu“. Hellomagazin.rs. nadlanu.com. 28 октомври 2022.
- ↑ „57. STERIJINO POZORJE - Novi Sad, 25. maj – 2. jun 2012“. Стеријино позорје. 2012.
Надворешни врски
уреди- Марија Бергам Театрослов на веб-страницата на Музејот на театарска уметност
- Марија Бергам на веб-страницата на Југословенскиот драмски театар
- Марија Бергам на веб-страницата на Народниот театар од Сомбор
- Марија Бергам на веб-страницата на Фестивалот на актерски достигнувања „Филмски средби“
- Марија Бергам Архивирано на 24 јануари 2021 г.
- Марија Бергам на веб-страницата Pozorista.com
- Марија Бергам на веб-страницата Tickets.rs
- Марија Бергам на веб-страницата Biografija.org