Марија Антиохиска
Марија Антиохиската (1145-1182) била византиска царица, втора сопруга на царот Мануил I Комнин.
Марија Антиохиска | |
---|---|
Византиска царица | |
На позиција | 1161–1180 |
Роден(а) | 1145 Антиохија |
Починал(а) | 1182 (36–37 години) |
Сопружник | Мануил I Комнин |
Деца | Алексиј II Комнин |
Династија | Комнини |
Татко | Рајмон де Поатје |
Мајка | Констанца Антиохиска |
Марија била ќерка на Констанца Антиохиска, регент на Антиохиското кнежевство, и Рајмон де Поатје.
Рани години
уредиВо 1160 година откако вториот сопруг на Констанца Антиохиска, Рејналд Каталонски бил заробен од Арапите на Мах ал-Дин, калифот на Алеп, Констанца го задржила управувањето на Антиохија за себе. Против неа сепак се изјасниле бароните, кои го поддржувале нејзиниот син, Боемунд III. Со помош на Ерусалимскиот крал Болдвин III, бароните во Антиохија ја отстраниле Констанца и го предале регенството на богатиот и моќен латински патријарх на Антиохија, кој во исто време бил и политички противник на Констанца. Констанца се свртила кон формалниот сојузник на Антиохиското кнежевство, византискиот цар Мануил I Комнин, со официјален протест против овие дејствија на бароните.
Брак со Мануил I Комнин
уредиВо 1151 година цар Мануил I Комнин веќе бил вдовец (неговата сопруга Ирина починала истата година) и планирал да се ожени за некоја принцеза од соседните крстоносни земји. Јован Контостефан и големиот драгоман Теофилакт биле поставени на чело на делегацијата, испратена во Ерусалим за да бара нова сопруга на царот. Нивниот избор се сопрел на Марија Антиохиската и Мелисенда Триполитанска, ќерка на грофот Рајмонд II Триполитански и Ходиерна Ерусалимска. Двете кандидатки биле познати по својата убавина, но според Јован Кинамус, Марија Антиохиска била поубава од двете: таа била висока и со руси коси, кое ја издавала дека има норманско потекло.
По совет на Болдвин III, Мелисенда и нејзиниот брат Рајмонд III Триполитански започнале да даваат мираз, вклучувајќи и богати подароци од Ходиерна и нејзината сестра кралица Мелисенда Ерусалимска. Византиските амбасадори сепак не биле импресионирани и ја одложиле свршувачката по една година. Веројатно до нив пристигнал глас за сомнителното потекло на Мелисенда, чија мајка била под сомневање дека извршила неверство. Така Мануил I Комнин на крај ја избрал Марија Антиохиска. Тоа го навредило Рајмонд III Триполитански, и како одговор на тоа наредил напад на островот Кипар.
Во меѓувреме една византиска делегација на чело со Алексиј Комнин и префектот на Цариград, Јован Каматер, пристигнала во Антиохија, за да ги закаже условите за идниот брак меѓу царот и антиохиската принцеза. Во септември 1161 година од пристаништето Св. Симеон, Марија Антиохиска пристигнала во на Цариград. Мануил I Комнин и Марија Антиохиска се венчале во катедралата "Св. Софија" во Цариград на 24 декември 1161 година. Склучениот брак бил извршено од тројцата православни патријарси: Лука Цариградски, патријархот на Цариград, Софрониј, патријарх на Александрија, и Атанасиј, православен патријарх на Антиохија. Бракот бил прославен со раскошни празнувања и коњски игри на хиподромот за населението, а младоженците донирале и на црквата.
Бракот помеѓу Мануил I Комнин и Марија ги зацврстил односите меѓу Византија и Антиохија и ги зајакнало позициите на Констанца Антиохиска, на чиј протест Мануил I Комнин одговорил позитивно. Преку неговата поддршка, Констанца Антиохиска повторно го презела управувањето на кнежевството.
За период од неколку години, Марија немала деца. Во 1166 година таа останала бремена, но изгубила машко дете, факт кој се сметал за трагедијата од царот и од населението.[1]. Во 1169 година Марија Антиохиската родила син, идниот цар Алексиј II Комнин.
Марија започнала да игра важна улога во политичкиот живот на Цариград. Зборувајќи француски јазик како мајчин, таа успела да ја разбере двојната игра на хипоболеусот Арон, кој тајно се користел од советите на западните претставници во дворот. Како резултат на тоа, Арон бил заслепен по наредба на царот[2].
Регентство
уредиПо смртта на нејзиниот сопруг Марија формално се замонашила под името Ксенија[1], но во реалноста владеела како регент на нејзиниот син Алексиј II Комнин. Иако станала калуѓерка, Марија поседувала бројни амбициозни обожаватели, но изборот паднал на Алексиј, кој станал нејзин советник и љубовник. Однесувањето на царицата станало скандалозно меѓу византиското општество. Со западно потекло и италијански манири, Марија Антиохиска не се доближувала на православните поданици на империјата и често нејзиното регентство било обвинувано како лошо политичко искуство. Водачите на опозицијата против Марија Антиохиската ја поставиле нејзината доведена ќерка, Марија Порфирогенита и нејзиниот сопруг, Рајнер Монфератски, кој исто така бил еден од омразените Латини. Како првородена ќерка на Мануил I Комнин, Марија Порфирогенита се сметала за легитимна наследничка на власта во империјата. Марија Порфирогенита и Рајнер ја добиле поддршката на цариградскиот патријарх. Тој сепак бил уапсен по наредба на Алексиј, што го означел почетокот на крвавата одмазда по улиците на Цариград.
Марија Порфирогенита побарала поддршка против царицата од братучедот на покојниот Мануил I Комнин, Андроник Комнин, кој дотогаш живеел во егзил. Во 1182 година Андроник Комнин влегол во градот и провоцира неговите жители да извршат масовни колежи во соседството на Латините, населено претежно од Венецијанци и Генуезци. Откако Андроник воспоставил контрола над Цариград, Марија Порфирогенита и Рајнер Монфератски биле отруени, а царицата Марија Антиохиска фрлена во темница. Самиот Андроник застанал на чело на регентскиот совет на малолетниот Алексиј II Комнин. Марија Антиохиска направила обид да побара помош од својот зет, унгарскиот крал Бела III, но безуспешно.
Смрт
уредиПринуден од Андроник, малолетниот Алексиј II Комнин потпишал наредба за погубување на сопствената мајка, по што Андроник наредил на својот син Мануил и Севан Ѓорѓи лично да ја егзекутираат царицата, но и двајцата категорично одбиле да го сторат тоа. Тогаш Марија Антиохиска била задавена од Константин Трипсих и евнухот Птеригеонит, по кое била погребана во гробница на најблиската плажа[3], без означен гроб.
Околу трагичната смрт на царицата се разнесуваат различни верзии. Според една од нив Марија Антиохиска била удавена во морето, заврзена вреќа.[4]. По нејзината смрт, Андроник се прогласил за соцар на малолетниот Алексиј, кој набргу потоа бил убиен. Така Андроник Комнин ја узурпирал целата власт во империјата.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Garland, Lynda, & Stone, Andrew, "Maria of Antioch, Byzantine Empress", De Imperatoribus Romanis (external link)
- ↑ Niketas Choniates, Histories p. 147 van Dieten.
- ↑ Niketas Choniates, Histories pp. 267-269 van Dieten; cf. Eustathios of Thessalonica, Sack of Thessalonica.
- ↑ Roger of Howden, Annals 1180.
Литература
уреди„Марија Антиохиска“ на Ризницата ? |
- Lynda Garland, Byzantine Empresses: Woman and Power in Byzantium, AD 527-1204. Routledge, 1999.
- Steven Runciman, A History of the Crusades, Vol. II: The Kingdom of Jerusalem. Cambridge University Press, 1952.
- Warren Treadgold, A History of the Byzantine State and Society. Stanford University Press, 1997.
- O City of Byzantium, Annals of Niketas Choniatēs, trans. Harry J. Magoulias. Wayne State University Press, 1984.
- John Cinnamus, Deeds of John and Manuel Comnenus, trans. Charles M. Brand. Columbia University Press, 1976.
- William of Tyre, A History of Deeds Done Beyond the Sea, trans. E. A. Babcock and A. C. Krey. Columbia University Press, 1943.
Марија Антиохиска Роден(а): 1145 Починал(а): 1182
| ||
Претходник Берта Зулцбашка |
Византиска царица 1161–1180 |
Наследник Ана Француска |