Лука ЦариградскиВселенски патријарх од 1156 до 1169 година.

Милениумски византиски мозаик од Св. Јован Златоуст (Аја Софија) – Спорот од 1156–1157 бил околу толкувањето на Јовановата литургија за евхаристиката, „Ти си Тој што нудиш, кому се нуди и којшто прима.“[1]

За време на патријахатот на Лука се случиле други големи еолошки спорови. Во 1156–1157 било покренато прашањето, дали Исус се понудил како жртва за гревовите на светот до Господ и Светиот дух, или пак и до самиот себеси.[2] На крајот се одржал синод во Цариград во 1157 година усвоил компромис, дека Исус направил двојна жртва до Свето тројство, покрај несогласувањето на патријархот Антиошки Сотир Пантевген.[1] За време на своето начелствување било покренато и прашањето за односот меѓу синот божји и Господ во Светото тројство. Ова прашање произлегло порадси објаснувањето на Деметриј Ламписки (во Фригија) за фраза од евангелие според Јован «ὁ Πατήρ μου μείζων μου ἐστίν», што значи мојот татко е поголем од мене (John, XIV.29). Хрисоберг, по завет на царот Мануил I, свикал неколку собири на синодот во 1166 годиназа да се разреши проблемот, кои го осудиле за кривоверство Деметриј и мирјаните кои го следеле.[3] Оние кои не сакале да се покорат на волјата на синодот , им бил одзмен имотот и истите биле протерани.g[›] Политичките димензии на оваа спорна одлука се очигледни поради фактот дека водечки противник на царовата доктрина бил неговиот внук Алексиј Контостефан.[4]

Други кривоверни учењ продолжиле да цветаат на територијата на Византија во Европа, вклучувајќи ги тука богомилството, павлиќанството, и монофизитството кое Лука и неговите наследниците имале потешкотии да го сузбијат.[5]

Лука исто така бил замешан и во процесот во кој цркавата сакала да се оддалечи од секуларниот живот на државата. Во 1115 година, патријархот Јован IX се обидел да ги спречи свештените лица да даваат правни совети во граѓанските судови. Во декември 1157 година, Христоберја проширил оваа забрана на сите земни занимања. Во сè уште постоечки канон, тој напишал: „ние забележавме дека некои од они кои се во свештенството неканонски се вклучиле во змените работи. Некои почнале да работат како куратори или надгледувачи на аристократските куќи и имоти, други пак ги собирале јавните даноци... други пак прифатиле почести и управни работи наменети за граѓанството.... ние бараме сега овие луѓе да се воздржат од вакви занимања, и да се посветат себеси на духовнички требувања....“[6] Ваквата поделба меѓу државата и црквата било клучно за да се сочува црквата од влијанието на државата за работи кои истата ги сметала за строго верски. Ова било особено значајно во периодот на владеењето на икмператорот Мануил I кој бил познат по својот автократски стил и цезаропапизам, и иако идиосинкратски, честопати ги ставал патријарсите во служба на државата.[7]

Извори

уреди
  • Οικουμενικό Πατριαρχείο Архивирано на 20 октомври 2016 г.
  • J.M. Hussey. The Orthodoox Church in the Byzantine Empire. Oxford: University Press, 1986.
  • Kurtz, Johann Heinrich (1860). „Dogmatic Controversies, 12th and 14th Centuries“. History of the Christian Church to the Reformation. T. & T. Clark.
  • Paul Magdalino. The Empire of Manuel Komnenos. Cambridge: University Press, 1993.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Hugh Eteriano, Janet Hamilton, Sarah Hamilton e Bernard Hamilton (2004). Contra Patarenos. BRILL. стр. 114. Посетено на September 4, 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. J. H. Kurtz, History of the Christian Church to the Restoration, 265–266
  3. Hussey, pp. 152-153.
  4. P. Magdalino, The Empire of Manuel I Komnenos, 217
  5. Hussey, p. 162.
  6. Magdalino, p. 306.
  7. Magdalino, pp. 308-309.
Духовни титули
Претходник
Константин IV
Цариградски патријарх
1156–1169
Наследник:
Михаил III