Маргарета II од Данска

кралица на Данска

Маргарета II (целосно име: Маргарете Александрине Торхилдур Ингрид: дански: Margrethe Alexandrine Þórhildur Ingrid, родена на 16 април 1940 година во Копенхаген) ― кралица на Данска. Владеела како монарх на Данска повеќе од 50 години, пред да абидица во полза на нејзиниот син Фредерик X.

Маргарета II
Маргарета II во 2012
Кралица на Данска
На престол14 јануари 1972 – 14 јануари 2024
ПретходникФредерик IX
НаследникФредерик X
Роден(а)16 април 1940(1940-04-16)(84 г.)
Копенхаген, Данска
СопругАнри-Мари-Жан-Андре де Лаборд де Монпезат (в. 1967; d. 2018)
Деца
Полно име
Маргарете Александрине Торхилдур Ингрид
ДинастијаГликсбурговци[1]
ТаткоФредерик IX Дански
МајкаИнгрид од Шведска
ПотписМаргарета II's signature

Ран живот

уреди

Принцезата Маргарета е родена на 16 април 1940 година во комплексот на палатата Амалиенборг, главната резиденција на данското кралско семејство во областа Фредериксштаден во центарот на Копенхаген. Таа била прво дете на престолонаследникот и принцезата (подоцна кралот Фредерик IX и кралицата Ингрид). Нејзиниот татко бил постар син на тогашниот крал Кристијан X, а нејзината мајка била единствена ќерка на шведскиот престолонаследник (подоцна кралот Густаф VI Адолф ). Се родила само една недела по инвазијата на нацистичка Германија врз Данска (9 април 1940 година).[2]

Името Маргарета го добила по нејзината покојна баба по мајка, престолонаследничката принцезата Маргарет од Шведска; Александрина по нејзината баба, кралицата Александрина; Ингрид по нејзината мајка. Затоа што нејзиниот дедо по татко бил и крал на Исланд, таа го добила исландското име Торхилдур.[3]

Во 1944 година, се роди нејзината помлада сестра принцезата Бенедикт. Нејзината втора сестра, принцезата Ана-Мари, е родена во 1946 година. Ана-Мари подоцна се омажила за кралот Константин II Грчки и живее во Грција.

Престолонаследничка

уреди

Во Данска, само машките деца можеле да седнат на престолот. Бидејќи Маргрета немала браќа, се претпоставувало дека нејзиниот вујко принцот Кнуд еден ден ќе го преземе престолот.

Во 1947 година започнал процес за промена на уставот. Тоа се случило откако таткото на Маргрета стапил на престолот и веќе било јасно дека кралицата Ингрид нема да има повеќе деца. Популарноста на Фредерик и неговите ќерки и поистакнатата улога на жената во данскиот живот го започнаа комплицираниот процес на измена на уставот. Законот барал предлогот да биде усвоен од два последователни парламенти, а потоа и на референдум, кој се одржал на 27 март 1953 година. Новиот закон за наследување дозволувал и женски деца да го наследат на престолот на Данска, при што таа може да се качи на престолот само ако нема брат. Принцезата Маргрета станала престолонаследник.[2] Во 2009 година, законот за наследување бил променет во апсолутна првороденост.[4]

Брак и деца

уреди
 
Маргрете и Анри во 1966 година

За време на престојот на принцезата Маргрета во Лондон, таа се сретнала со францускиот дипломат, Анри-Мари-Жан-Андре де Лаборд де Монпезат. Нивната свршувачка била објавена на 5 октомври 1966 година, а се венчале на 10 јуни 1967 година во црквата Холмен во Копенхаген.[2] Тие биле во брак повеќе од педесет години, до неговата смрт на 13 февруари 2018 година.[2]

На 26 мај 1968 година принцезата Маргрета го родила своето прво дете. Според традиција, данските кралеви биле наизменично крстени Фредерик или Кристијан. Таа ја зачувала традицијата и го крстила синот Фредерик. На 7 јуни 1969 година, им се родило и второто дете, по име Јоаким.[2]

Владеење

уреди

Кралот Фредерик IX починал на 14 јануари 1972 година. Маргарета стапила на престолот на 31-годишна возраст. Таа е прва жена која станала дански монарх. На 15 јануари 1972 година, премиерот Јенс Ото Краг ја прогласил за кралица на балконот на палатата Кристијансборг. Кралицата Маргарета Втора се откажала од сите поранешни монашки титули на освен титулата на Данска, па оттука и нејзиниот стил „Со милоста Божја, кралица на Данска“ (дански: Margrethe den Anden, af Guds Nåde Danmarks Dronning ). Кралицата го избрала мотото : Божја помош, љубовта на народот, Данска сила. [5]

Златен јубилеј

уреди

Златниот јубилеј на кралицата бил одбележан на 14 јануари 2022 година, а прослави се одржувале подоцна истата година.

Абдикација

уреди

Во новогодишното обраќање на 31 декември 2023 г. Маргарета најавила дека ќе абдицира во ползса на нејзиниот син Фредерик од здравствени причини, особено операциите на грбот кои значително ѝ го отежнале вршењето на должностите.[6] Престолот го предала на 14 јануари 2024 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „150 years of the House of Glücksborg“. 15 November 2013. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 25 October 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Her Majesty Queen Margrethe II“. Kongehuset.dk. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 11 December 2014.
  3. „Navnet til den ny prinsesse...“. nfi.ku.dk. Nordisk Forskningsinstitut, University of Copenhagen. 18 May 2012. Архивирано од изворникот на 2 February 2017. Посетено на 23 January 2017.
  4. „The Royal House - The Danish Monarchy“. www.kongehuset.dk. Danish Royal Court. Архивирано од изворникот на 8 February 2014. Посетено на 22 December 2013.
  5. „Margrethe and Henrik Biography“. Royalinsight.net. 16 April 1940. Архивирано од изворникот на 30 October 2011. Посетено на 3 February 2012.
  6. „Queen of Denmark announces abdication live on TV“. BBC News. BBC. 31 December 2023. Архивирано од изворникот 31 December 2023. Посетено на 31 December 2023.

Надворешни врски

уреди