Мара Билбилоска
Мара Рафева Билбилоска ( 1920 во Кленоец, Кичевско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) — поддржувач на македонските партизани, активист во НОВ.[1]
Мара Билбилоска | ||
Родена | 1920 година Кленоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 6 октомври, 1943 година Кленоец, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонка |
Животопис
уредиИзраснала во селско работничко семејство. Како младинка била вклучена во воспитните групи во селото. Го помагала ослободителното движење и извршувала партиски задачи. При извршувањето на една таква задача во селото, била убиена од балистите на 6 октомври 1943 година.[1]