Мануил I Цариградски

Мануил I ЦариградскиВселенски патријарх од декември 1216 или јануари 1217 година до 1222 година. Постојат извори кои велат дека бил нарекуван „Филозоф“: Георги Акрополит вели дека тој бил „филозоф, по сè изгледа, и на дело, а и така наречен од луѓето.“ Мануил бил патријарх во прогон бидејќи седишето било окупирано од страна на Латинскиот патријарх, па така тој начесствувал од Никеја. Пред грбежот од 1204 година, Мануил бил ѓакон и хипатос тон фолософон во Цариград. Најверојатно од тука и потекнува неговиот прекар „филозоф“.[1]

За време на Мануил I, Св. Сава станал архиепископ на автокефалната Српска православна црква, која се создала на територијата на српското кралство на Стефан Првовенчани.

Мануил е познат и по улогата на дипломат и преносител на праките меѓу никејскиот цар Теодор I и Латинскиот цар, Роберт Куртне, во 1222 година. Роберт му се обратил н Теодор за примирје а Теодор ја понудил раката на својата ќерка Евдокија за да се зацврсти договорот. Но Теодор се оженил со Марија Куртне, Робертовата сестра, во 1217 година. Мануил пак е споменат од страна на Георги Акрополит како спречител на овој брак, двапати приговорал, на религиозно-правна основа: Роберт, Теодоровиот шура, не можел да стане негов зет, бидејќи ова би било нелегален брак и би претставувал инцест бидејќи биле роднини до трето колено.[2]

Наводи

уреди
  1. George Akropolites (Ruth Macrides, ed). The History. Oxford: University Press, 2007. pp. 159-160.
  2. George Akropolites (Ruth Macrides, ed). The History. Oxford: University Press, 2007. Editor's notes, pp. 158.
Духовни титули
Претходник
Максим II
Цариградски патријарх
Прогонет во Никеја

1216–1222
Наследник
Герман II