Манастир (Соколарци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Манастир“
| |
Местоположба | 41°53′48″N 22°16′30″E / 41.89667° СГШ; 22.27500° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Соколарци |
Општина | Чешиново-Облешево |
Тип | |
Период | доцноантичко време |
старохристијанско време | |
Портал „Археологија“ |
Манастир — археолошко наоѓалиште во кочанското село Соколарци. Претставува градиште од доцноантичко време, старохристијанска црква и некропола. На 2 км северно од селото се издига висок рид што доминира над околината и на кој е изградена црквата Св. Ѓорѓија. На врвот на ридот, под црквата има зарамнет простор со димензии од 200 × 100 м, ограден со бедем од кој се зачувани темелите. Се гледаат остатоци и од темели на помали објекти. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, а пронајдени се и монети. Исто така се наоѓаат и остатоци од старохристијанска црква, а околу неа некропола.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 181. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |