Македонија (Охајо)
Македонија (англиски: Macedonia, изг. Масидонија) — мал град сместен во североисточниот дел од државата Охајо, САД. Се смета дека во 2018 г. населението броело 11.927 жители.[4]
Македонија Macedonia | |
---|---|
град | |
Лонгвудскиот поседнички дом | |
Гесло: Крстосницата на Североисточно Охајо | |
Местоположба во округот Самит и сојузната држава Охајо. | |
Земја | САД |
Сој. држава | Охајо |
Округ | Самит |
Управа | |
• Градоначалник | Николас Молнар |
Површина[1] | |
• Вкупна | 25.25 км2 |
• Земјишна | 25.15 км2 |
• Вода | 0.10 км2 |
Надм. вис.[2] | 301 м |
Население (2010)[3] | |
• Вкупно | 11.188 |
• проц. од (2018[4]) | 11.927 |
• Густина | 444.9/км2 |
Час. појас | источен (EST) (UTC-5) |
• Лето (ЛСВ) | EDT (UTC-4) |
Пошт. бр. | 44056 |
Повик. бр. | 330 |
FIPS-код | 39-45976[5] |
GNIS | 1061458[2] |
Мреж. место | macedonia.oh.us |
Името на градот се смета дека потекнува од една мала анегдота помеѓу студентите по богословие на колеџот „Вестерн резерв“, кој на почетокот на XIX век се наоѓал во Хадсон, Охајо. Студентите, кои биле повикани да одржат проповед во едно мало место на 10 км (6 милји) на север, каде се потсетиле на главата 16 од библиските Дела на светите апостоли: „...По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.“[6] Поради ова, местото подоцна било наречено Македонија.
Нема податоци во врска со тоа дали во гратчето Македонија живеат Македонци.
Наводи
уреди- ↑ „US Gazetteer files 2010“. Пописно биро на САД. Архивирано од изворникот на 2012-01-25. Посетено на 1 јуни 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „US Board on Geographic Names“. Геолошки топографски институт на САД. 25 октомври 2007. Посетено на 21 јануари 2008.
- ↑ „American FactFinder“. Пописно биро на САд. Посетено на 1 јуни 2013.
- ↑ 4,0 4,1 „Population and Housing Unit Estimates“. Посетено на 12 јуни 2019.
- ↑ „American FactFinder“. Пописно биро на САД. Посетено на 31 јануари 2008.
- ↑ Дела 16,10 — Стандардна македонска библија, 2006 г.
Надворешни врски
уреди- Портал на градот Македонија Архивирано на 30 септември 2013 г. (англиски)
- „Добре дојдовте во Македонија - град во Охајо“[мртва врска], „Вест“, 28 април 2001 (македонски)