Мадона Лаура
Лаура де Новес (1310-1348) била сопруга на грофот Хјуг де Сад и се појавува како мистериозна муза на Петрарка, како Мадона Лаура, литературен лик од стихозбирката на Франческо Петрарка Канцониер. Родена е шест години по Петрарка во Авињон. Таа била ќерка на витезот Аудибер де Новес и неговата сопруга Ермесенда. Лаура се омажила на 15 јануари 1325 година. Петрарка за првпат ја видел Лаура две години подоцна на 6 април 1327 година во црквата Сен-Клер д'Авињон. Таа тогаш имала само седумнаесет години.
За Мадона Лаура се знае многу малку, многумина веруваат дека таа воопшто не е вистински лик, туку само поетска имагинација. Иако од официјалните регистри и нотари било утврдено дека Лаура сепак е вистински лик.
Имала големо семејство и била добронамерна сопруга. По нејзината прва средба со поетот, тој ги поминал следните три години во Авињон пеејќи за чистоа платонска љубов и неговите чувства кон неа, бркајќи ја во црквата и на нејзините прошетки. Таа починала во 1348 година, иако нема информации што точно ја предизвикало нејзината смрт, се верува, според она што го кажале нејзините блиски, дека во тоа време владеела чума со Авињон или белодробна туберкулоза, која била предизвикана од 11 раѓања.
Нејзиниот гроб бил откриен од францускиот поет Морис Свев во 1533 година. Мадона Лаура е претставена како идеална претстава за жена од тоа време, не само за Петрарка туку и за целата италијанска литература. Таа го претставува главниот мотив на Canconier, кој содржи 317 сонети кои се поделени на два дела, песните испеани за животот на Мадона Лаура и песните испеани по нејзината смрт. Љубовта на поетот кон неа траела 21 година и му помогнало да создаде нов поетски стил, Петрархизам.