Маглиќ
Маглиќ (српски: Маглић) — динарска планина во Република Српска (БиХ), на границата со Црна Гора. Со надморска височина од 2.386 м претставува највисока планина во Босна и Херцеговина. Се протега во правец северозапад-југоисток. Се наоѓа во Националниот парк Сутјеска создаден во 1962 г. околу клисурата на реката Сутјеска и падините на Маглиќ.
Маглиќ | |
---|---|
Маглиќ со облаци | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.386 м |
Географија | |
Место | БиХ / Црна Гора |
Матичен венец | Динариди[1] |
Геологија | |
Вид | карстен варовник |
Географија
уредиПланината се наоѓа 20 км од градот Фоча, кај границата со Црна Гора. Најблиско населено место е Мратиње.[2] Јужните и југозападните предели околу Маглиќ се висорамнински, направени од карстен варовник.[3]
Масивот на Маглиќ со состои од два врва: Велики Маглиќ (2.386 м) на босанска страна и Црногорски Маглиќ (2.388 м) на црногорската страна, кој е повисок за 2 м. Во црногорскиот дел е образувано Трновачкото Езеро кое важи за едно од најубавите во Црна Гора.[2] Езерото е ледничко потекло и лежи во амфитеатрално седло на надморска височина од 1.517 м, долго е 700 а широто 400 м и има синозелена боја.[2][4]
Планината е ограничена од реката Сутјеска на север и запад од планината Волујак на југозапад, реките Дрина и Пива на исток и долината Мратиска Увала на југ.[2][5]
Падините на Маглиќ имаат разновидна поривка, но особено богата е шумата Перуќица, која ужива посебен заштитен статус како најстарата прашума во Европа (и една од двете преостанати). Северозападните падини имаат густа зимзелена и букова шума до н.м. висина од 1.600 м, но во други правци падините се многу стрмни, карпести и голи. Висорамнинските делови над 1.600 м имаат пасишта.[6][7]
Врвот е пристапен преку патеки во националниот парк и обично се освојува за два дена. Високогорскиот пристап е само од јужната страна и се одликува со богата растителнсот од трева и борови. Од врвот на Маглиќ се гледаат планините Волујак, Биоќ, Трновачкото Езеро, Дурмитор (во Црна Гора) и други планини во БиХ на север и северозапад.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Маглиќ на Peakbagger
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Maglić / Bioč / Volujak / Trnovački Durmitor / Vlasulja“. summitpost.org. Посетено на 11 July 2011.
- ↑ „Maglic“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 10 July 2011.
- ↑ „Green Visions and Outdoor Adventure and Culture Guide 2008“ (PDF). Sutjeska National Park Hike. Green Visions. Архивирано од изворникот (pdf) на 2012-03-26. Посетено на 11 July 2011.
- ↑ „Maglić Mountain“. mountainsmounts.com. Архивирано од изворникот на 2012-03-15. Посетено на 10 July 2011.
- ↑ „National Park Sutjeska“. Highlander. Посетено на 7 July 2011.
- ↑ „Sutjeska National Park“. Visitsrajevo.ba. Архивирано од изворникот на 2013-01-20. Посетено на 11 July 2011.
Надворешни врски
уреди„Маглиќ“ на Ризницата ? |
- Маглиќ на Peakware Архивирано на 5 март 2016 г.
- Маглиќ на SummitPost
- Планинарска карта на Маглиќ