Магдебург (регион)

Регионот Магдебург, познат и како регион Елба-Берде (германски: Region Magdeburg) — името на централниот регион во покраината Саксонија-Анхалт во Северна Германија. Вклучува предели од Магдебуршко Берде, Јерихов Ланд, северниот дел од Харц и Колбиц-Лецлинген. Центарот на регионот е градот Магдебург; други важни градови се Халденслебен, Ашерслебен, Штасфурт, Ошерслебен, Шенебек (Елба) и Бург. На исток од Елба-Берде се протега соседниот регион Анхалт-Витенберг. На југ се наоѓа Харц и Зале-Унштрут, на север е Алтмарк. Регионалната туристичка агенција го користи името Елба-Берде, кое првично доаѓа од регионалното планирање и било првпат употребено во 1990-тите. Моментално е користено на полето на туризмот за регионален маркетинг.

Окрузи

уреди

Општините во регионот Елба-Берде прават заеднички инфраструктурни планови и се обидуваат да се претстават заеднички на надворешни страни.

Надворешни врски

уреди