Ленинов мавзолеј

(Пренасочено од Мавзолеј на Ленин)

Ленинов мавзолејмавзолеј во Московскиот Кремљ, посветен на комунистичкиот револуционер Владимир Илич Ленин. Бил изграден по смртта на Ленин во 1924 година од страна на архитекот Алексеј Штусев и сè до 1989 година било едно од најважните места во Москва и СССР. Во почетокот мавзолејот бил изграден од дрво, по само шест денови по смртта на Ленин, за негово погребување. Во пролетта истата година бил изграден, повторно од дрво, поголем мавзолеј. Денешниот си вид објектот го добил во 1929-1930 година. Првите два саркофага за телото на Ленин биле дело на архитектот Константин Мелников.

Ленинов мавзолеј
Мавзоле́й Ле́нина
Дрвената верзија на мавзолејот, март 1925 година
Карта
Општи податоци
ГрадМосква
ЗемјаРусија
Почната1924
Проектирање и изградба
АрхитектАлексеј Штусев
Мавзолејот на Ленин, ноќе.

Во времето на Втората светска војна и нападот на Нацистичка Германија, телото на Ленин било пренесено во Тјумењ, во денешниот Тјумењски земјоделски институт[1]. Таму се задржило до 1945 година, кога по војната било сместено во саркофаг, чиј проект бил на Шчусев и вајарот Борис Јаковлев. Во периодот од 1953-1961 година, на ова место се наоѓало и телото на Сталин, по кое истото било погребано.

Од неговата изградба, мавзолејот служел и како трибина на која се појавувале раководителите на советската држава. Од овде биле набљудувани церемониите кои се одржувале на Црвениот плоштад. Денеска, мавзолејот претставува голема туристичка атракција на Москва.

Наводи

уреди
  1. „moscow-taxi.com“. Архивирано од изворникот на 2009-10-06. Посетено на 2010-10-07.