Санфранциска општинска железница

(Пренасочено од МЈУНИ)

Санфранциската општинска железница (МЈУНИ, англиски: San Francisco Municipal Railway (MUNI)) е системот на јавен превоз во градот и округот Сан Франциско, Калифорнија, САД.

Логото на МЈУНИ.

Во 2018 година, МЈУНИ опслужувал 121 км2 со буџет од 1,2 милијарди американски долари.[1] Тоа е седмото најголемо претпријатие за јавен превоз во САД со речиси 211 милиони пренесени патници во 2006 година,[2] а е второ во Калифорнија по Метрото на Лос Анџелес.

Просечната брзина од 13 км/ч на возилата, го прави МЈУНИ најбавниот систем за јавен превоз во САД и еден од најскапите: автобусите го чинат повеќе од $19 на милја, а возовите се над $24 на милја.[3] Но, тој е и еден од системите со најмногу патници на милја и со најголем број на возила.[4]

Како интегрален дел од јавниот превоз во Заливската област на Сан Франциско, МЈУНИ вози 365 дена во годината и е добро поврзат со останатите претпријатија за јавен превоз, како БАРТ, КалТрејн, СамТранс, Голден Гејт Транзит и Еј-Си Транзит. Мрежата на МЈУНИ се состои од 54 автобуски линии, 17 тролејбуски линии, седум брзотрамвајски линии, три кабелскотрамвајски линии и две трамвајски линии. Голем број од патниците во текот на работната недела транзитираат до работните места во Сан Франциско. МЈУНИ дели четири станици со БАРТ.

Наводи

уреди
  1. „А Year of Movement“ (PDF). SFMTA.
  2. „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2009-03-27. Архивирано од изворникот на 2009-03-27. Посетено на 2020-06-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. Dewar, Joe Eskenazi, Greg. „The Muni Death Spiral“. SF Weekly (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 2020-06-10.
  4. „Report: Muni travels slower, costs more to operate than peer cities' transit“. The San Francisco Examiner (англиски). 2014-03-17. Посетено на 2020-06-10.