Калтрејн
Калтрејн (англиски: Caltrain, ВКМ: JPBX) е калифорниска приградска железница на Санфранцискиот полуостров и во долината Санта Клара (Силициумска Долина). Последната станица на север е Сан Франциско (раскрсницата на 4та улица и улицата Кинг), а на југ е станицата „Диридон“ во Сан Хосе. Во часовите кога е зголемена честотата на патници, Калтрејн вози на југ до Гилрој. Возовите тргнуваат од Сан Франциско и Сан Хосе на секој час во работните денови и на 90 минути за време на викендите. Дополнителни возови се пуштаат за посебни настани на Оракал Парк во Сан Франциско, Стенфордскиот стадион или САП центарот во Сан Хосе. Во февруари 2018, Калтрејн секој ден пренесол по 65.095 патници во просек.[1]
Железницата Калтрејн е управувана од Заедничкиот одбор за полуостровскиот коридор (англиски: Peninsula Corridor Joint Powers Board, PCJPB) кој го сочинуваат агенциите на трите окрузи што ги опслужува Калтрејн: Сан Франциско, Сан Матео и Санта Клара. Секоја агенција има три претставници на одборот, кој брои вкупно девет члена.
Калтрејн има 28 редовни постојки, една постојка со ограничена услуга само во работни денови, една постојка само за натпревари во американски фудбал и две постојки со услуга само за викенд.
Наводи
уреди- ↑ „Caltrain 2018 Annual Passenger Count“ (PDF). Caltrain. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-20.