Луизијана

(Пренасочено од Лујзијана)

Оваа статија е за сојузната држава на САД Луизијана. За територијата Луизијана наречена во чест на Луј XIV кликнете тука.

Луизијана
State of Louisiana
État de Louisiane
Знаме на Луизијана Печат на Луизијана
Знаме Печат
Прекар(и): Bayou State
Child of the Mississippi
Creole State
Pelican State
Sportsman's Paradise
Sugar State
Гесло: Union, justice, and confidence
Union, justice et confiance
Lunyon, justis et confyans
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиНово МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајоминг
Службен јазик Нема
de facto: англиски & француски
Говорени јазици Англиски 91,2%, француски 4,8%,
креолски, кажунски
Главен град Батон Руж
Најголем град Њу Орлеанс[1][2]
Површина  31. место
 - Вкупно 134 382 км²
 - Широчина 210 км
 - Должина 610 км
 - % вода 16
 - Гео. ширина 28° 56′ N до 33° 01′ N
 - Гео. должина 88° 49′ W до 94° 03′ W
Население  22. место
 - Вкупно 4 468 976
 - Густина 39,61/км² (22. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка Дрискил[3]
163 м
 - Најниска точка Њу Орлеанс[3]
-2 м
Влез во сојузот  30 април, 1812 (18)
Гувернер Боби Џиндал (Р)
Сенатори Мери Ландриу (Д)
Дејвид Витер (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки LA US-LA
Портал www.louisiana.gov

Луизијана (англиски: Louisiana) е сојузна држава од САД која се наоѓа во јужниот дел од земјата. Има излез на Мексиканскиот Залив. Главен град е Батон Руж, а најголем е Њу Орлеанс.

Луизијана е држава која се наоѓа во јужниот дел на Соединетите Американски Држави. Таа е триесет и прва по големина и дваесет и петта по население од педесетте Соединети Држави. Главен град е Батон Руж, а најголем Њу Орлеанс. Луизијана е единствената држава во САД со политички единици наречени парохии, кои претставуваат локални управи што се поистоветуваат со окрузите. Најголема парохија по население е Парохијата Источен Батон Руж, а најголема по територија Парохијата Камерон.

Поголемиот дел од земјата се создал од талог измиен со течението на реката Мисисипи, оставајќи огромни делти и големи површини крајбрежни бари и мочуришта коишто содржат богата јужна флора и фауна. Типичен пример на птици се ибисот и белата чапја. Исто така, постојат многу видови жаби кои го поминуваат поголемиот дел од нивниот живот во дрва и риби како есетрата. Во повисоките предели има честа појава на оган во природата којашто создава пространи предели со високо стеблеста борова шума и влажни савани. Во нив опстојуваат исклучително голем број видови растенија, вклучувајќи многу видови орхидеи и месојадни растенија.

Некои урбани средини во Луизијана, коишто се сметаат за исклучителни во Соединетите држави, поседуваат мултикултурно и повеќејазично наследство, коешто било под силно влијание на примес од француска, шпанска, индијанска и африканска култура од 18-иот век. Пред американскиот прилив и државност во почетокот на 19-тиот век, територијата на денешна Луизијана била шпанска и француска колонија. Покрај тоа, моделот на развој вклучувал увоз на голем број африкански робови во 18 век, многу од нив од истиот предел на Западна Африка.

Топоними

уреди

Луизијана е именувана по Луј 14-ти, крал на Франција од 1643 до 1715 година. Кога Рене-Роберт Кавалиер ја освоил територијата крај реката Мисисипи во полза на Франција, ја нарекол Ла Луизијана, што значи “Земјата на Луj”. Како дел од Француската колонијална империја, територијата Луизијана се протегала од денешниот Мобил Беј сè до север до денешната граница со Канада вклучувала и мал дел од денешна југозападна Канада.

Геологија

уреди

Дури и Мексиканскиот Залив не постоел пред 250 милиони години, кога постоел само еден суперконтинент наречен Пангеја. Како што Пангеја се поделил, се појавиле Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Залив. Луизијана тогаш полека се создавала, со милиони години, од вода во копно и од север кон југ. Најстарите карпи се наоѓаат на север, во области како Националната шума Кисачи. Најстарите карпи датираат од раниот Терцијарен период, пред околу 60 милиони години. Најдобрата историја за формирањето на овие карпи може да се најде во Сперинговата ,,Геолошка историја на Луизијана”

Најмладите делови на државата биле формирани во последните 7500 години, како делти на реката Мисисипи: Мирингуин, Теш, Св. Бернард, Лафурш, денешна Мисисипи, а сега Аткафалаја. Седименти ги носела реката Мисисипи од север кон југ.

Помеѓу Терцијарните карпи од север, и релативно новите седименти покрај брегот, се простира огромен појас наречен Тераси Плистосен. Нивната старост и распределба може да се поврзе со зголемувањето и намалувањето на морското ниво за време на леденото доба. Главно, северните тераси имале доволно време да направат длабоки канали за реките, додека пак поновите тераси се стремат да бидат порамни.

Куполи од сол се исто така пронајдени во Луизијана. Тие водат потекло од раниот Мексикански Залив, кога нивото на испарување на површинскиот слој од океанот било високо. Постојат неколку стотици куполи од сол во државата, една од најпознатите е Островот Авери. Куполите од сол се важни не само како извор на сол, туку служат и како подземни јамки за нафта и гас.

Топографија

уреди

Луизјана се граничи на запад со Тексас, на север со Арканзас, на исток со државата Мисисипи и на југ со Мексиканскиот Залив.

Површината на државата може соодветно да се подели на два дела, висорамнините на север и алувијалното земјиште по должината на брегот. Алувијалниот предел вклучува мочуришно ниско земјиште, крајбрежни мочуришта и плажи, и корални острови кои покриваат територија од околу 20 000 квадратни милји (52000 км2). Оваа област се протега главно долж Мексиканскиот Залив и реката Мисисипи, која минува низ државата од север кон југ со должина од 600 милји (1000 км) и се влева во Мексиканскиот Залив, Црвената Река, Реката Ошита и нејзините притоки и во други помали потоци (некои од нив се речни мочуришта). Ширината на алувијалниот предел долж Мисисипи е од 10 до 60 милји (15 до 100км), а долж другите реки алувијалниот предел е просечно околу 10 милји (15км) широк. Реката Мисисипи тече низ делта која се формирала од своите талози (позната како заштитен бедем на река), од која земјиштето се спушта кон реката со просечен пад од 3м/км. Алувијалното земјиште долж други текови има слични одлики.

Повисоките и гранични ридски земјишта од северниот и североисточниот дел на државата опфаќаат област од повеќе од 25 000 квадратни милји (65000 км2). Тие се состојат од прерии и шуми. Надморската височина варира од 10 стапки (3 м) над морското ниво кај плажите и мочуриштата, до 50 и 60 стапки (15-18 м) над морското ниво кај прериите и алувијалното земјиште. Кај висорамнините и ридовите, издигнувањата се искачуваат до планината Дрискил, највисоката точка во државата, на само 535 стапки (163 м) над нивото на морето.

Државата исто така има државно-судска надлежност над околу 3 милји (4.8 км)-широкиот дел од подморското земјиште од внатрешниот континентален праг во Мексиканскиот Залив. Заради карактеристичната политичка географија на Соединетите Држави, ова е значително помалку од судската надлежност од 9 милји (14км) на соседните држави Тексас и Флорида, кои, како Луизијана, поседуваат пространи брегови од Заливот.

Јужниот брег на Луизијана во Соединетите Држави се наоѓа меѓу областите во светот кои најбрзо исчезнуваат. Ова е главно како последица на лошото управување од страна на човекот. Некогаш, земјиштето всушност се зголемувало кога поплавите од реката Мисисипи на пролет придодавале талог и го поттикнувале растот на мочуриштата. Сега, земјата тоне. Постојат голем број причини. Вештачките заштитни бедеми на реката сега ја попречуваат водата од пролетните поплави која ќе донесе свежа вода и талог во мочуриштата. Мочуриштата се значително поврзани и оставаат канали и ровови кои овозможуваат солена вода да навлезе во внатрешноста на земјата. Каналите ископани за потребите на нафтената индустрија и индустријата за гас исто така им овозможуваат на бурите да ја придвижат морската вода да навлезе во внатрешноста на земјата уништувајќи ги мочуриштата и мочурливото земјиште. Порастот на нивото на морето ја влошува состојбата. Според некои проценки државата дневно губи земјена маса еднаква на 30 фудбалски игралишта. Се даваат многу предлози за заштита на крајбрежните области преку намалување на штета направена од страна на човекот, вклучувајќи го обновувањето на природните поплави од Мисисипи. Без обнова од ваков вид, крајбрежните општини ќе продолжат да исчезнуваат, а како што тие исчезнуваат сè повеќе и повеќе луѓе го напуштаат регионот. Бидејќи крајбрежното мочурливо земјиште исто така го поткрепува крајбрежниот риболов кој е од економска важност, загубата на мочурливо земјиште негативно ќе се одрази врз оваа индустрија.

Клима

уреди

Луизијана има влажна суптропска клима, можеби најкласичен пример на влажна суптропска клима од сите јужноцентрални држави, со долги, жешки, влажни лета и кратки, умерени зими. Суптропските одлики на државата во голема мера се должат на влијанието од Мексиканскиот Залив, којшто дури и со неговата најдалечна точка не е подалеку од 200 милји (320км). Атмосферските врнежи се чести во текот на годината, иако летото е незначително повлажно отколку остатокот од годината. Во октомври бројот на врнежи се намалува. Во Јужна Луизијана паѓаат пообилни дождови, особено во текот на зимските месеци. Летата во Луизијана се жешки и влажни, со високи просечни температури од 90 °F (32 °C) или повеќе и ниски просечни ноќни температури под 70 °F (22 °C), почнувајќи од средината на јуни до средината на сепрември. Во текот на летото ектремната максимална температура е поголема на север отколку на југ, со температури во близина на Мексиканскиот Залив кои повремено достигнуваат до 100 °F (38 °C), иако вообичаени се температурите под 95 °F (35 °C).

Температурите во јужниот дел од земјата се главно умерено топли во текот на зимата, со највисоки температури околу Њу Орлеанс, Батон Руж, остатокот од јужна Лиизијана и Мексиканскиот Залив со просечна температура од 66 °F (19 °C), додека северниот дел од земјата е умерено студен во текот на зимските денови со највисоки просечни температури до 59 °F (15 °C). Најниски ноќни температури во текот на зимата низ земјата се над нулата со просечна температура од 46 °F (8 °C) во близина на Заливот и ниска просечна температура од 37 °F (3 °C) во текот на зимата во северниот дел од земјата. И во Луизијана, во северниот дел од земјата, се забележува чест пад на температурите под 20 °F (−8 °C), но речиси некогаш тоа не е случај во јужниот дел од земјата. Врнежите од снег не се честа појава во близина на Мексиканскиот Залив, иако во областите во северните делови од земјата може да се очекуваат врнежи од снег од еднаш до трипати годишно. Во правец кон север, бројот на врнежите се зголемува. Највисоката забележана температура во Луизијана е 114 °F (46 °C) во рамнината Дилинг, на 10 август 1936 година, додека најниската забележана температура е 16 °F (−27 °C) во Минден на 13 февруари 1899 година.

Луизијана е често погодена од тропски циклони и е многу чувствителна на ударите на поголемите урагани, особено низините околу и во областа на Њу Орлеанс. Неспоредливата географија на регионот со многуте речни заливи, мочуришта, протоци можат да ги направат поголемите урагани особено разурнувачки. Областа е исто така склона кон често невреме проследено со грмотевици, особено на лето. Во текот на годината, во земјата просечно 60 денови се проследени со невреме со грмотевици, повеќе од било која друга земја, со исклучок на Флорида. Во Лиузијана се појавуваат во просек 27 торнада годишно, некои делумно во 2010 година. Целата земја е осетлива на удар од торнадо, со тоа што само најјужниот дел од неа е помалку изложен отколку остатокот од земјата. Торнадата се многу почести од јануари до март во јужниот дел од земјата, а од февруари до март во северниот дел од земјата.

Урагани

уреди
  • 28-28 август 2012 година, Ураганот Исак ја погоди Луизијана, само 7 години по Катрина (2005 година).
  • На 1 септември 2008 година, Густав пристигна на копното долж брегот на Луизијана во близина на Кокодри во југоисточна Луизијана. Националниот центар за урагани процени дека најдоцна до 31 август ураганот ќе остане на третата категорија или ќе ја помине, но во случајот центарот на Густав пристигна на копно како ураган од силна втора категорија ( 1 mph под третата категорија) и ја намали својата сила на прва категорија набргу потоа. Како резултат на предвидувањата на Националниот центар за урагани (NHC) беше спроведена масовна евакуација од Њу Орлеанс поради предупредувањата (како на пример од градоначалникот, Реј Нејџин) дека ова ќе биде “бура на векот”, со можност да биде поразурнувачки од Катрина, од пред речиси три години, но овие стравови не станаа реалност. Сепак, Густав зеде значителен број жртви, а околу 1,5 милиони луѓе во Луизијана на 1 септември останаа без електрична енергија.
  • 24 септември 2005 година, Рита (трета категорија) ја погоди југозападна Луизијана, поплавувајќи многу парохии и градови долж брегот, вклучувајќи ги Парохијата Камерон, Езерото Чарлс и други градови. Ветровите предизвикани од бурата дополнително ги ослабнаа уништените заштитни насипи во Њу Орлеанс и повторно предизвикаа поплави во делови од градот.
  • 29 август 2005 година, Катрина (трета категорија) ја погоди и опустоши југоисточна Луизијана, каде ги проби и поткопа заштитните насипи, со што предизвика 80% од градот да се поплави. Повеќето луѓе беа евакуирани, но мнозинството останаа без покрив над главата. Градот практично беше затворен до месец октомври. Се проценува дека повеќе од два милиони луѓе во областа на Заливот беа раселени и дека само во Луизијана како последица на ураганот животот го загубија повеќе од 1 500 лица. Владите, на локално, државно и федерално ниво, беа критикувани на јавен протест на кој се тврдеше дека подготовката и реакцијата не била ни брза ни соодветна. Последиците од ураганот ги принудија жителите на Луизијана да се разбегаат низ земјата.
  • 3 октомври 2002 година, Лили (прва категорија)
  • август 1992 година, Ендру (трета категорија) ја погоди јужноцентрална Луизијана. Понесе четири жртви, го прекина снабдувањто со електрична енегрија на 15 000 жители и уништи илјадници милиони долари вреден посев во државата.
  • август 1969 година, Камила (петта категорија) предизвика 23,4 стапки (7,1 m) висок бран и уби 250 луѓе. Иако официјално Камила го погоди копното на Мисисипи и најлошите удари беа почувствувани таму, исто така имаше последици и врз Луизијана. Њу Орлеанс беше поштеден од ударот на бурата и остана непоплавен, со исклучок на умерени поплави предизвикани од дожд во најниските области.
  • 9 септември 1965 година, Бетси (трета категорија) го погоди брегот на Луизијана, предизвикувајќи масовно уништување, како прв ураган во историјата кој предизвикал материјална штета од една милијарда долари (преку десет милијарди во инфлација за регулирање на американскиот долар). Бурата го погоди силно Њу Орлеанс особено со тоа што поплави приближно 35% од градот.
  • јуни 1957 година, Ендру (четврта категорија) ја опустоши југозападна Луизијана, уништувајќи или сериозно оштетувајќи од 60 до 80 % од домовите и бизнисите од Камерон до Гранд Шениер. 40 000 луѓе останаа без дом, а повеќе од 300 лица во земјата загинаа.
  • 10 август 1856 година, Ураганот Еден (четврта категорија) го погоди одморалиштето на Островот Ласт, Луизијана. 25 милји (40км) долгиот корален остров беше опустошен со тоа што беше поделен на пет одделни острови, а преку 200 лица го загубија животот.

Географски и статистички области

уреди

Луизијана е поделена на 64 парохии ( кои се еквивалент на окрузите во повеќето земји).

Предисторија

уреди

Луизијана била населена од Индијанци многу милениуми пред доаѓањето на Европејците во 16 век. Во текот на Средниот древен период, во Луизијана се наоѓал најстариот могила- комплекс во Северна Америка и еден од најстарите комплексни конструкции во Америка, местото Ватсон Брајк во близина на денешен Монро. Комплексот од 11 ритчиња бил изграден околу 3500 п.н.е. Местата Кани и Фрешман од Средниот дневен период исто така со сигурност датираат од 5600-5000 п.н.е, покажувајќи дека сезонските ловци и собирачи на плодови се организирале за да градат комплексни конструкции во денешна северна Луизијана. Местото Хедгепт во Парохијата Линколн е поново, датира од 5200-4500 п.н.е.

Околу 2000 години потоа, бил изграден Поверти Поинт, најголемото и најпознатото место од доцнежниот архаичен период во државата. Сегашното село Епс се развило во негова близина. Културата на Поверти Поинт можеби го достигнала врвот околу 1 500 година п.н.е, со тоа што станала првата комплексна култура, а можно е и да била првата племенска култура во Северна Америка. Траела приближно до 700 година п.н.е.

Поверти Поинт културата била пропратена од културите Тефункт и Езерото Корморан, култури од периодот Тула, кои претставувале локални манифестации од Раниот шумски период. Луѓето кои и припаѓале на Тефункт културата биле првите во Луизијана кои произведувале големи количини на грнчарски производи. Овие култури опстојувале до 200-тата година од нашата ера. Средниот шумски период започнал во Луизијана со Марксвил културата во јужниот и источниот дел од земјата, а со Форш Малин културата во северозападниот дел од земјата. Марксвил културата го зема името од предисториското индијанско место Марксвил. Овие култури датираат од истиот период како и Хоупвел културите од Охајо и Илиноис и учествувале во Хоупвел мрежата на размена. Трговијата со луѓе на југозапад ги донела лакот и стрелата. Првите могили биле изградени во овој период. Политичката моќ започнала да се зацврснува со изградбата на првите могили со подиум во центрите за изведување ритуали за да се развие наследно, политичко и религиозно водство. Доцниот шумски период започна во 400 година од нашата ера во јужниот дел на земјата со Бејтаун културата без големи промени во културната историја на областа. Бројот на населението драматично се зголемил, а постојат и силни докази за пораст на културната и политичката комплексност. Многу Колс Крек места биле подигнати над мртовечничките могили од пораниот шумски период, наведувајќи ги истражувачите да размислуваат дека елитите кои се појавувале биле симболички и физички соодветни на мртвите предци за да се нагласи и предвиди нивното влијание. Плекмин и Кадон културите се појавиле за време на Мисисипскиот период.

Истражување и колонизација од страна на Европејците

уреди

Првите европски истражувачи кои ја посетиле Луизијана пристигнале во 1528 година кога шпанска експедиција, водена од Панфило де Нарваез, го открила устието на Реката Мисисипи. Во 1542 година, експедицијата на Ернандо де Сото го заобиколила северниот и западниот дел од земјата (наидувајќи на Кадо и Туника групите луѓе), а потоа, во 1543 година, го следеле течението на Реката Мисисипи до Мексиканскиот Залив. Потоа, шпанскиот интерес за Луизијана привремено запрел. Во доцниот 17 век, француски и француско-канатски експедиции, кои имале суверени, религиски и трговски цели, поставиле свои темели на Реката Мисисипи и на Мексиканскиот Залив. Со своите први населби , Франција имала право на простран предел од Северна Америка и започнала да основа трговска империја, а францускиот народ се населувал од Мексиканскиот Залив до Канада.

Во 1682 година, Роберт Кавалиер да ла Сал и го дал името Луизијана на областа во чест на франсуцкиот крал Луј 14-ти. Првата постојана населба, Форт Морпас (каде денес се наоѓа Оушан Спрингс, Мисисипи, во близина на Билокси), била основана во 1699 година од страна на Пјер ле Мојн де Ибервил, француски воен офицер од Канада. Во тоа време, Французите исто така изградиле мала тврдина на устието на Реката Мисисипи во населбата Ла Балис, што на француски значи “морска ознака”. Од 1721 година, тие изградиле 19 метри висока, древена градба, како светилник, за да ги води бродовите по реката.

Француската колонија во Луизијана првобитно имала право на целата земја од двете страни на Реката Мисисипи и северно од француската територија во Канада. Следниве земји биле дел од Луизијана: Луизијана, Мисисипи, Арканзас, Оклахома, Мисури, Канзас, Небраска, Ајова, Индијана, Мичиген, Минесота, Северна Дакота, Јужна Дакота.

Натчиток населбата (долж Цревената Река во денешна северозападна Луизијана) била основана во 1714 година од страна на Луј Жушеро де Сан Денис, основајќи ја најстарата постојана европска населба во купената територија Луизијана. Населувањето на Французите имало две причини: да се воспостават трговски врски со Шпанците во Тексас и да се оневозможи напредокот на Шпанците во Луизијана. Исто така, северниот завршеток на Стариот пат Сан Антонио бил кај Натчиток. Населбата брзо прераснала во успешно речно пристаниште и раскрсница, создавајќи оргомни “кралства” од памук долж реката. Со текот на времето, плантажерите развиле големи плантажи и изградиле убави домови во град што расте. Ова станало пример кој се повторувал во Њу Орлеанс и на други места.

Француските Акадијци, кои се познати и како Кажуни, ги неселиле мочуриштата во јужна Луизијана, особено во Басенот Аткафалаја.

Француските населби во Луизијана придонеле за понатамошно истражување и создавање населби, сосредоточени долж бреговите на Реката Мисисипи и нејзините најголеми притоки, од Луизијана кон север, дури до областа наречена Земјата Илиноис, во близина на сегашен Сан Луис, Мисури.

Во почетокот Мобил во Алабама и Билокси во Мисисипи вршеле улога на главни градови на колонијата. Препознавајќи ја важноста на Реката Мисисипи за трговијата и воените интереси, Франција, во 1722 година, направила од Њу Орлеанс седиште на граѓанската и воената власт. Оттогаш сè додека Соединетите Држави не се стекнале со територијата при купувањето на Луизијана на 20 декември 1803 година, Франција и Шпанија тргувале со контролата на колонијалната империја во регионот.

Во 1720-тите, германски доселеници се населиле долж Реката Мисисипи во областа позната како Германски Брег.

Франција и отстапила најголем дел од територијата источно од Мисисипи на Велика Британија, по последиците од британската победа во Седумгодишната војна, или како што е позната во Северна Америка, Француската и индијанска војна. Франција ја задржала областа околу Њу Орлеанс и парохиите околу Езерото Понтчартреин. Остатокот од Луизијана станал шпанска колонија по Седумгодишната војна со Договорот од Фонтенбло од 1763 година.

Во 1765 година, за време на владеењето на Шпанија, неколку илјади бегалци кои зборувале на франциски јазик од областа Акадија (денес Нова Шкотска, Њу Бранзвик и Островот Принц Едвард во Канада) се преселиле во Луизијана, откако биле протерани од нивниот крај од страна на Британците за време на Француската и индијанска војна. Тие главно се населиле во југозападната област на Луизијана, денес наречена Акадија. Шпанците, желни да го зголемат бројот на католици, ги прифатиле акадијските бегалци.

Шпанските жители на Канарските Острови, емигрирале од Канарските Острови на Шпанија во Луизијана под власт на Шпанската круна, помеѓу 1778 и 1783 година.

Во 1800 година, Наполеон Бонапарт повторно ја добил Луизијана од Шпанија со Договорот од Сан Илдефонсо, договор кој се чувал во тајност две години.

Проширување на ропството

уреди

Во 1709 година, францускиот финансиер Антоан Крозат создал монопол на трговијата во француската превласт во Луизијана која се протегала од Мексиканскиот Залив до денешен Илиноис. “Таа дозвола му овозможила со брод да внесува црнци секоја година’’, напишал британскиот историчар Хју Томас.

Кога Франција ја продала Луизијана на Соединетите Држави во 1803 година, бргу бил прифатен фактот дека поробените Африканци можат да се носат таму исто како што се носеле во соседната држава Мисисипи и покрај тоа што ова ги прекршувало законите на Соединетите Држави. Иако Луизијана, во почетокот на 19 век, била мал производител на шеќер со релативно мал број робови, набрзо станала голем производител на шеќер откако сопствениците на плантажи купиле робови кои се пренесувале од Африка, а потоа во Јужна Каролина, пред да бидат продадени во Луизијана каде сопствениците на планажи ја принудувале заробената работна сила да работи на нивните плантажи со шеќерна трска без да биде платена. И покрај барањата од страна на пратеникот Џејмс Хилхаус, од Соединетите Држави и од памфлетистот Томас Пејн да се спроведе постоечкиот сојузен закон против ропството во ново стекнатите територии, ропството се распостранило затоа што било извор на голема добивка и на работна сила која чинела најмалку. Последниот шпански гувернер на територијата Луизијана напишал дека “ Искрено, невозможно е низинскиот предел на Луизијана да опстои без робовите”, а со робовите колонијата правела големи чекори кон напредокот и богатството.

Потребна е присилена работна сила од робови, рекол Вилијам Клеборн, првиот гувернер на Луизијана од Соеднитети Држави, затоа што непринудените работници-белци “ не би издржале во оваа нездрава клима”. Хју Томас напишал дека Клеборн не бил способен да го спроведе укинувањето на трговијата со луѓе во Луизијана за кое бил задолжен.

Хаитска миграција и влијание

уреди

Пјер Клемент де Лосат (гувернер на Луизијана, 1803 година): “Сан Доминго беше, од сите наши колонии на Антилите, онаа чиишто менталитет и обичаи најмногу влијаеле врз Луизијана”. Луизијана и нејзината карипска родител-колонија развиле интимни врски во текот на 18 век, сосредоточени на поморската трговија, размена на капитал и информации и миграција на колонисти. Од таквите почетоци, Хаиќанците имале целосно влијание врз политиката, религијата и културата во Луизијана. Функционерите во колонијата, одговарајќи на заверите против ропството и побуните на островите, го забраниле влезот на поробени жители од Сан Доминго во 1763 година. Нивните бунтовнички дејствија ќе продолжат да влијаат врз трговијата со робови и имиграциската политика во Луизијана за време на американските и француските револуции.

Овие две демократски борби влеале страв во срцата на Шпанците, кои владееле со Луизијана од 1763 до 1800 година. Тие го забраниле тоа што го сметале како противдржавно дејствување и забраниле субверзилен материјал во залуден обид да ја изолираат нивната колонија од ширењето на демократската револуција. Во мај 1790 година, кралски декрет го забранил влезот на црнци, поробени и слободни, од Француските Западни Инди. Една година подоцна, започнала првата успешна побуна на робовите во историјата, која на крај ќе доведе до основањето на Хаити.

Револуцијата во Сан Доминго отпочнала масовно мултикултурно отселување. Французите побегнале со робовите кои успеале да ги задржат, исто така и голем број слободни црнци, од кои некои и самите биле робовладетели. Покрај тоа во 1793 година, катастрофален пожар уништил две третини од главниот град, Кап Франсес (денешен Кап Хаитиен), а речиси десет илјади луѓе го напуштиле островот засекогаш. Во претстојните децении на револуција, странска инвазија, граѓанска војна, уште илјадници побегнале од немирите. Многумина се преселиле на исток во Сан Доминго (денешна Доминиканска Република) или во близина на Карипските Острови. Голем број имигранти, белци и црнци, нашле засолниште во Северна Америка, особено во Њујорк, Балтимор (педесет и три бродови се прикотвиле таму во јули 1793 година), Филаделфија, Норфолк, Чарлстон и Савана исто и во шпанска Флорида. Сепак, бегалците немале толкаво влијание никаде на континентот како во јужна Луизијана.

Помеѓу 1791 и 1803 година, илјада и триста бегалци пристигнале во Њу Орлеанс. Властите биле загрижени дека некои од нив имале “бунтовни” идеи. Пролетта, 1795 година, Поант Купе било место каде бил направен обид да се крене востание, за време на кој се палеле домовите на плантажерите. По инцидентот, слободниот емигрант од Сан Доминго, Луј Бенуа, обвинет дека бил “ задоен со револуционерните начела кои ја опустошиле споменатата колонија” бил прогонет. Неуспешното востание било причина плантажерот Жозеф Понталба “да обрне внимание на ужасната беда на Сан Доминго и на зародишот на побуната широко распостранета помеѓу нашите робови”. Неуморно продолжува во Поант Купе и на германскиот брег, потпомогнат во одлуката да се запре целата трговијата со робови во пролетта 1796 година.

Во 1800 година, функционерите во Луизијана дискутирале за негово повторно воспоставување, но се договориле дека влезот на црнци од Сан Доминго ќе се забрани. Тие, исто така, го истакнале присуството на бунтовници, белци и црнци, од Француските Западни Инди кои “ ширеле опасни доктрини меѓу нашите црнци”. Тамошните робови се чини дека биле “подрски”,” понескротливи” и “понепокорни” отколку пред пет години.

Истата година, Шпанија повторно и ја отстапила Луизијана на Франција, а плантажерите продолжиле да живеат во страв од буна. Откако идниот император им ја продал колонијата на Соединетите Држави во 1803 година, бидејќи неговиот катастрофален поход против Сан Доминго значително ги ослабнел и неговите финансии и војска, настаните на островот се заканувале дури и со поголеми размери во Луизијана.

Купувањето од страна на Соединетите Држави

уреди

Кога Соединетите Држави ја освоиле својата независност од Велика Британија во 1783 година, една од најголемите грижи била да се воспостави европска контрола на нејзината западна граница и потребата од неограничен пристап до Реката Мисисипи. Како што американските населеници се пробиле кон запад, сфатиле дека Апалачките Планини претставуваат препрека при преносот на стоки кон исток. Најлесниот начин да се пренесат производите била употребата на бродови со рамно дно за да пловат надолу по Реките Мисисипи и Охајо до пристаништето на Њу Орлеанс, од каде стоката може да се пренесе на прекуокеански бродови. Проблемот со оваа маршута е во тоа што Шпанците ги поседувале двете страни од Реката Мисисипи. Амбициите на Наполеон во Луизијана вклучувале создавање на нова имерија насочена кон трговијата со шеќер. Со условите на Амјенскиот договор од 1800 година, Векика Британија им ја вратила сопственоста врз островите Мартиник и Гваделупе на Французите. Наполеон гледал на Луизијана како склад на овие острови на кои има шеќер и како тампон зона на населувањето во Соединетите Држави. Во октомври 1801 година тој испратил голема воена сила да го освои островот од голема важност, Сан Доминго, и повторно да го воведе ропството, кое било укинато во Сан Доминго по побуна на робовите во 1792-93 година и по уставно-правното укинување на ропството во француските колонии во 1794 година.

Кога војската водена од страна на зетот на Наполеон, Леклерк, била поразена од војската која била против повторно поробување на поголемиот дел од населението во Сан Доминго, Наполеон одлучил да ја продаде Луизијана.

Томас Џеферсон, третиот претседател на Соединетите Држави, бил загрижен поради планот на Наполеон за обнова на француските колонии во Америка. Со тоа што го поседувал Њу Орлеанс, Наполеон можел да го забрани пристапот до Мисисипи за Соединетите Држави во било кое време. Џеферсон го овластил Р. Ливингстон, министер за финансии на Соединетие Држави, да преговара за продажбата на градот Њу Орлеанс, делови од источниот брег на Реката Мисисипи и за слободна пловидба по реката за целите на трговијата на Соединетите Држави. Ливингстон бил овластен да исплати 2 милиони американски долари.

Официјалното предавање на Луизијана во француска сопственост сè уште не се случило, а договорот на Наполеон со Шпанците се дознал како лошо сочувана тајна. Сепак, на 18 октомври 1802 година, Хуан Вентура Моралес, во улога на настојник на Луизијана, јавно ја искажал намерата на Шпанија да го укине правото на влог во Њу Орлеанс за бродскиот товар од Соединетите Држави. Затворањето на ова битно пристаниште за Соединетите Држави предизвикло бес и вчудовиденост. Трговијата на запад практично била попречена. Историчарите веруваат дека укинувањето на правото на влог било предизвикано од злоупотребата од страна на Американците, особено криумчарењето, а не од страна на француските завери како што тогаш се верувало. Претседателот Џеферсон не го земал предвид јавниот притисок за војна со Франција и го назначил Џејмс Монро за посебен дипломатски претставник до Наполеон за да потпомогне во тоа Соединетите Држави да го добијат Њу Орлеанс. Џеферсон исто така ги зголемил овластените трошоци на 10 милиони американски долари.

Сепак, на 11 април 1803 година францускиот министер за надворешни работи Талејранд го изненадил Ливингстон со тоа што го прашал колку САД е подготвен да плати за цела Луизијана, не само за Њу Орлеанс и околната област (како што налагале инструкциите на Ливингстон). Монро се согласил со Ливингстон дека Наполеон може во секој момент да ја повлече понудата (оставајќи ги без можноста да го добијат посакуваниот Њу Орлеанс) и дека одобрувањето од страна на претседателот Џеферсон може да потрае неколку месеци, па така Ливингстон и Монро одлучиле веднаш да започнат со преговори. До 30 април склучиле договор за купување на целата територија Луизијана од 828 000 квадратни милји (2 100 000 km2) во вредност од 60 милиони франци (приближно 15 милиони американски долари). Дел од оваа сума послужила да ги покрие долговите кои ги имала Франција кон САД. Исплатата била во форма на обврзници на САД кои Наполеон го продал по номинална вредност на “Данската компанија на надеж и друштво” и на британската банка “Беринг”, со попуст од 87½ за секоја парична единица од 100 американски долари. Како резултат на тоа, Франција, за Луизијана, добила само 8 831 250 американски долари во готово. Одговорниот англиски банкар Александар Беринг откако се советувал со Монро во Париз, отпатувал во САД за да ги земе обврзниците, ги однел во Британија и се вратил во Франција со парите кои Наполеон ги употребил да води војна против државата на Беринг.

Кога вестите за купувањето стигнале во САД, Џеферсон бил изненаден. Тој одобрил трошок од 10 милиони американски долари за еден пристаништен град, а наместо тоа добил договори со кои владата е обврзана да потроши 15 милиони долари на земја која двојно ќе ја зголеми територијата на државата. Политичките противници на Џеферсон од Федералната партија тврделе дека купувањето на Луизијана било безвредно и дека Уставот не предвидувал стекнување со нова земја и преговарачки договори без согласност од Сенатот. Она што навистина ја загрижувало опозицијата биле новите држави кои неизбежно ќе се издвојат од територијата Луизијана, со тоа што ќе се зајакнат интересите на западните и јужните држави во Конгресот и со тоа што дополнително ќе се намали влијанието на федералистите од Нова Англија во државните работи. Претседателот Џеферсон бил ревносен поддржувач на проширувањето кон запад и останал непоколеблив во однос на неговата поддршка за договорот. И покрај неодобрувањето од страна на федералистите, САД го одобрил договорот од Луизијана на 20 октомври 1803 година.

Свеченоста на предавањето на Луизијана се одржала во Њу Орлеанс на 29 ноември 1803 година. Бидејќи Луизијана никогаш не им била официјално предадена на Французите, Шпанците ги спуштиле, а Французите ги кренале нивните знамиња. Следниот ден, генералот Џејмс Вилкинсон ја презел сопственоста на Њу Орлеанс во корист на САД. Слична свеченост се одржала во Сан Луис на 9 март 1804 година, кога француското тробојно знаме било кренато во близина на реката, заменувајќи го шпанското државно знаме. Наредниот ден, капетанот Амос Стодард од Првата артилерија на САД , ја построил војската во градот и го кренал американското знаме да се вее на јарбол на тврдината. Територијата Луизијана и била официјално предадена на владата на САД, која ја застапувал Мериведер Левис.

Територијата Луизијана, купена за помалку од 3 центи за ар, преку ноќ двојно ја зголемила територијата на САД , без војна или без загуба на ниту еден американски живот, и поставила преседан за купување на територија. Таа го отворила патот за можно проширување на САД низ континентот до Тихиот Океан.

Демографија

уреди

Бирото за попис на САД проценува дека на 1 јули 2011 година Луизијана броела 4 574 836 жители, со пораст од 0,91 % од пописот во 2010 година. Густината на населението во државата е 104,9 луѓе на квадратна милја.

Центарот на населението на Луизијана се наоѓа во парохијата Поант Купе, во градот Њу Роадс.

Според пописот во САД во 2000 година, 4,7 % од населението кои имаат 5 години и кои се постари од 5 години зборуваат француски и стар француски (кажун) во своите домови, додека 2,5 % зборуваат шпански.

Расна структура и предци во Луизијана

уреди

Според пописот во САД во 2010 година, населението во Луизијана го сочинувале:

  • Белци – 62,6% ( 60,3% од нив се белци кои не се е од шпанско потекло)
  • Црнци или Афроамериканци – 32%
  • Американци од латиноамериканско потекло или Латиноамериканци (од било која раса) – 4,2%
  • Азијати – 1,5% (0,6% Виетнамци, 0,2% Кинези, 0,2% Индијци, 0,1% Корејци, 0,1% Филипинци)
  • Американки староседелци (Индијанци) – 0,7%
  • Две или повеќе раси – 1,6%

Најголемите групи на предци во Луизијана се Афроамериканците (32%), Французите (15,1%), Германците (8,7%), Ирците (8,1%) и Англичаните(6,7%).

Стопанство

уреди

Вкупниот бруто-домашен производ на Луизијана во 2010 година бил 213,6 милијарди американски долари со што ја поставува на 24-то место во САД. Личниот приход по глава на жител изнесува 30 952 американски долари со што ја рангира на 41-то место во САД.

Основни земјоделски производи се: морска храна (Луизијана е најголем производител на јастог во светот, снабдува приближно 90% од светот), памук, соја, добиток, шеќерна трска, живина и јајца, млечни производи и ориз. Индустријата за морска храна обезбедува околу 16 000 работни места. Индустријата произведува хемиски производи, нафта и производи од јаглен, врши преработка на храна и превоз на опрема и производи од хартија. Туризмот е важен елемент во екомонијата, особено во областа на Њу Орлеанс.

Пристаништето на јужна Луизијана, сместено на Мисисипи помеѓу Њу Орлеанс и Батон Руж, е најголемото пристаниште за транспорт на западната полутопка и четврто по големина во светот како и најголемото бродско товарно пристаниште во светот. Њу Орлеанс, Шревпорт и Батон Руж се исто така дом на успешна филмска индустрија. Државната финансиска стимулација и енергична промоција придонеле локалната филмска индустрија брзо да напредува.

Луизијана има три групи на данок на личен приход, кои се движат од 2% до 6%. Стапката на данок на промет е 4%, 3,97% данок на промет и 0,3% прометен данок за областа на промоција на туризмот во Луизијана. Политичката единици исто така наметнуваат свој данок на промет покрај јавните давачки. Државата исто така има и такса за корисење, 4% треба да бидат рамномерно распределени од страна на Управата за јавни приходи до локаните власти. Доноците на имот се утвдруваат и собираат на локално ниво. Луизијана е субвенционирана земја која добива 1,44 американски долари од сојузната влада за секој уплатен долар.

Туризмот и културата играат главна улога во економијата на Луизијана, со тоа што заработуваат околу 5,2 милијарди американски долари годишно. Луизијана е , исто така, домаќин на многу важни културни настани, како што е Светскиот економски форум, кој се одржува еднаш годишно, на есен во Њу Орлеанс, Мориал Конференцискиот центар.

Почнувајќи од јануари 2010 година, стапката на невработеност била 7,4%. Во Луизијана, постои трипати поголема веројатност еден Афроамериканец да биде невработен за разлика од еден белец.

Енергија

уреди

Луизијана е богата со нафта и природен гас. Резерви на нафта и гас се наоѓаат во изобилство на копно и на крајбрежјето на водите кои се во државна сопственост. Покрај тоа, огромни резерви на нафта и природен гас се наоѓаат на спротивната страна од крајбрежјето на Луизијана во сојузно управуваниот Надворешен континентален праг (OCS), во Мексиканскиот Залив. Според Енергетската информативна управа, Надворешниот корален гребен на Мексиканскиот Залив е најголемата американска област за производство на нафта. Со исклучок на Надворешниот континентален праг на Мексиканскиот Залив, Луизијана е поставена на четвртото место за нафтено производство и е седиште на околу 2 % од вкупните американски нафтени резерви. Една третина од нафтата произведена во САД доаѓа од странство, а 80% од тоа производство доаѓа од длабочините на водите кои се наоѓаат надвор од Луизијана. Нафтената индустрија вработува околу 58 000 жители на Луизијана и овозможува уште 260 000 работни места поврзани со нафтата , со што опфаќа 17% од сите работни места во Луизијана. Резервите на природен гас во Луизијана изнесуваат околу 5 проценти од вкупните резерви на САД. Неодамнешното откритие на формацијата Хејнсвил Шале во делови или на цела територија на парохиите Кадо, Босиер, Биенвил, Де Сото, Црвена Река, Сабине и Натчиток го направи четврто по големина во светот поле за гас со некои бунари кои во почетокот произведувале над 25 милиони кубни стапки гас дневно. Луизијана била првото место на кое се вади нафта над вода во светот, на Езерото Кадо во северозападниот дел на државата. Нафтената и гасната индустрија, како и нејзини подружници како што се транспорт и рафинирање, доминираат во економијата на Луизијана од 1940-тите. Почнувајќи од 1950 година, Министерството за внатрешни работи на САД неколкупати ја тужело Луизијана со напори од страна на сојузната влада да и се одземат на Луизијана правата на сопственост над земјиштето прекриено со вода. Овие управуваат огромени сладишта на резервоари на нафта и природен гас.

Кога нафтата и гасот доживеале економски процут во 1970-тите, тоа се случило и со економија во Луизијана. Економијата во Луизијана, како и нејзината политика во последната половина од векот не може да се разбере без темелно да се образложи влијанието на нафтената и индустријата за гас. Од 1980-тите години, седиштата на овие индустрии се зацврснале во Хјустон, но многу од работните места кои дејствуваат или даваат логистичка поддршка на индустријата за сурова нафта и гас во делот од Мексиканскиот Залив кој му припаѓа на САД останале во Луизијана од 2010 година.

Закон и влада

уреди

Во 1849 година, државата го преместила главниот град од Њу Орлеанс во Батон Руж. Доналдсонвил, Опелусас и Шревпорт кратко време служеле како седиште на државната власт на Луизијана. Државниот капитол на Луизијана и резиденцијата на гувернерот се наоѓаат во Батон Руж.

Сегашен гувернер на Луизијана е Боби Џиндал, првиот американски Индијанец кој е избран за гувернер. Сегашни американски сенатори се Мери Ландрио (демократ) и Дејвид Витер (републиканец). Луизијана има седум конгресни области и е застапена со шест републиканци и еден демократ во Претставничкиот Дом на САД. Луизијана ќе има осум гласови на изборниот колегиум за изборите во 2012 година, откако изгуби едно место во Домот поради стагнација на порастот на населението според пописот во 2010 година.

Граѓанско право

уреди

Политичката и правна структура на Луизијана задржала неколку елементи од времето на француското и шпанското владеење. Еден од нив е употребата на терминот "парохија" (од француски: paroisse) наместо "област" кога се однесува на административни единици. Друг елемент е правниот систем на граѓанско право заснован на француски, германски и шпански правни законици и на крај на римското право, што е спротивно на англиското обичајно право. Обичајното право е закон “основан од судиите” врз основа на преседан, и е основа на статутот во сите други држави во САД. Видот на системот на граѓанското право е оној што мнозинството земји во светот го употребуваат, особено во Европа и нејзините поранешни колонии, со исклучок на колониите на британската империја. Сепак, погрешно е да се изедначуваат Граѓанскиот законик на Луизијана и Наполеонивиот законик. Иако Наполеонивиот законик имал силно влијание врз законите во Луизијана, тој никогаш не стапил во сила во Луизијана, бидејќи бил донесен во 1804 година, по купувањето на Луизијана од 1803 година. Додека Граѓанскиот законик на Луизијана од 1808 година постојано е ревидиран и ажуриран од неговото донесување, сè уште се смета за управна власт во државата. Сè уште постојат разлики меѓу граѓанското право во Луизијана и обичајното право во другите сојузни држави во САД. Додека некои од овие разлики се премостиле поради силното влијание на традицијата на обичајното право, важно е да се напомене дека "граѓанската" традиција сè уште е длабоко вкоренета во повеќето аспекти на приватно право на Луизијана. Така, структурата на сопственоста, договорите, на деловните субјекти, голем дел од граѓанска постапка и семејното право, како и некои аспекти на кривичното право, сè уште се главно врз основа на традиционалната римска правна мисла. Пример на законици, како што е Единствениот трговски зоконик, кои се донесени од страна на повеќето држави во рамките на сојузот, вклучувајќи ја Луизијана, се засновани на граѓанска мисла, а суштината е во тоа што таа е дедуктивна, за разлика од обичајното право коешто е индуктивно. Во граѓанската традиција законидавното тело се сложува да се следат општите начела “a priori”. Кога збир од факти се доставуваат пред судија, тој изведува заклучок од пресудата на судот со тоа што ги споредува со закон фактите на секој поединечен случај. Спротивно на тоа, обичајното право, кое навистина не постои во својата чиста историска форма поради појавата на уставниот закон, било основано од страна на судија со примена на одлуките на други судии во нова шема на факти донесени пред него во одреден случај. Резултатот е дека историски гледано англиските судии не биле ограничени од страна на законодавната власт.

Култура

уреди

Луизијана е дом на многу култури, а особено значајни се различните култури на Креолците и Кажуните.

Креолската култура е културно соединување кое зема по мал дел од француската, шпанската, африканската, и индијанската култура. Креолската култура е дел од културата на белците-Креолци и црнците-Креолци. Првично името Креолци се однесувало на белците од француско-шпанско потекло. Подоцна поимот исто така се однесувал на потомците од односите на белците со црни жени, од кои многумина биле образовани слободни обоени луѓе. Многу од богатите белци имале квазитрајни односи со црни жени надвор од нивните бракови, а ги издржувале како "placées". Ако жената била поробена на почетокот на врската, човекот вообичаено договарал нејзино ослободување, како и на кое било од нејзините деца.

Креолците ги поврзувале со областа Њу Орлеанс, каде што земале замав елаборираните договори. Повеќето богати плантажери имале куќи во градот, како и на нивните плантажи. Народното верување дека Креолеците се мешани луѓе од црнец/ка и Французин/ка дошло од хаитската асоцијација на африканско-француско лице. По револуцијата имало многу имигранти од Хаити во Њу Орлеанс. Иако црнец-Креолец е еден претставник на креолската раса, тој не е единствениот, ниту го има оригиналното значење. Сите соодветни култури на групите кои се населиле во јужниот дел на Луизијана се споиле за да се создаде една "Њу Орлеанс" култура. Креативното соединување на културите на овие групи, заедно со индијанската култура, било наречено "креолска" култура. Таа продолжила да постои и во 20 век како една од преовладувачките социјални, економски и политички култури во Луизијана, заедно со кажун културата.

Предците на Кажуните дошле од централнозападна Франција во провинциите Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канада, познати како Акадија. Кога Британците ја добиле француската и индијанска војна, Британците присилно разделувале семејства и ги протерувале поради својата долготрајна политичка неутралност. Повеќето заробени Акадијци биле сместени во затворени кампови во Англија и во колониите на Нова Англија од 10 до 30 години. Многу од оние кои им побегнале на Британците останале во француска Канада. Откако биле ослободени од Англија, многумина се разбегале, некои во Франција, Канада, Мексико или Фокландските Острови. Мнозинството нашле засолниште во јужна Луизијана сместени во регионот околу Лафајет и речниот залив Ла Фурш. До 1970-тите, Кажуните често се сметале за пониска класа граѓани, со тоа што поимот "Кажун" бил донекаде потценувачки. Откако блеснало богатството од нафта и гас, кажун културата, храната, музиката, и нивниот заразен "радоста на живеењето" начин на живот брзо стекнал светска слава.

Трета посебна култура во Луизијана е онаа на Ислењос (Isleños), кои се потомци на шпанските жители на Канарските Острови кои мигрирале од Канарските Острови на Шпанија во Луизијана под шпанска влас почнувајќи од средината на 1770-тите. Тие се населиле во четири главни населби, но многу се преселиле во денешната парохија Свети Бернард, каде што мнозинството од населението Ислењо сè уште е сосредоточено. Годишен фестивал наречен Фиеста го слави наследство на Ислењос. Во Парохијата Свети Бернард, како дел од ова наследство, постои Ислењос музеј, гробишта и црква, како и многу имиња на улиците со шпански зборови и шпански презимиња. Ислењо идентитетот е од вистински интерес во предградијата на Парохијата Свети Бернард во Њу Орлеанс, Лос Анџелес. Некои членови на заедницата Ислењо сè уште зборуваат шпански, со својот Канарски акцент. Голем број клубови и организации за зачувување на Ислењо идентитетот, како и многу членови на општеството Ислењос се во контакт со Канарските Острови на Шпанија.

Јазици

уреди

Луизијана има единствена јазична култура, благодарение на француското и шпанското наследство. Според пописот од 2000 година, помеѓу жителите на Луизијана кои имаат пет години или се постари, 90,8% зборуваат само англиски (вкупно 99% зборуваат англиски), а 4,7% зборуваат француски во своите домови ( вкупно 7% зборуваат француски). Останатите малцински јазици се: шпанскиот, кој го зборуваат 2,5% од населението; виетнамскиот – 0,6% и германскиот – 0,2% од населението. Иако законот ја признава употребата на англискиот и францускиот јазик во одредени околности, Уставот нема прогласено ниту еден "де јуре службен јазик или јазици". Во моментов "де факто административни јазици" на државната власт во Луизијана се англискиот и францускиот јазик.

Има неколку уникатни дијалекти на францускиот, креолскиот и англискиот јазик кои се зборуваат во Луизијана. Постојат два единствени дијалекти на францискиот јазик: кажун француски (преовладувал по превирањето на Акадијците од Канада) и колонијален француски. Од креолскиот јазик, произлегол креолски француски во Луизијана. Има исто така два уникатни дијалекти на англискиот јазик: кажун англиски, варијанта на англискиот кој настанал со француско влијание и оној дијалект што неформално е познат како Јат, кој наликува на њујоршкиот дијалект, особено на оној на историскиот Бруклин, бидејќи и двата акценти биле под влијание на големи заедници на имигранти, Ирци и Италијанци, но Јат дијалектот исто така бил под влијание на францускиот и шпанскиот јазик.

Колонијалниот француски бил јазикот на кој претежно се зборувало во Луизијана во текот на францускиот колонијален период и се зборувал првенствено од белото население. Креолското-црно население зборувало главно на креолски. Кажун францускиот бил воведен во Луизијана само по Големото превирање на Акадијците од Канада од 1710 до 1763 година. Кажун населението и нивната култура (оттука и нивниот јазик исто така) не се појавиле веднаш, туку тоа повеќе бил бавен развој од оригиналната акадијска култура под влијание на локалните култури. Англискиот и неговите дијалекти преовладувале само по купувањето на Луизијана, а дури и тогаш сè уште се задржало одредено француско влијание како што бил случајот во кажун англискиот. Кажун францускиот и колонијалниот француски донекаде се споиле откако англискиот го презел водството.

Религија

уреди

Во 2000 година, најголемите по број на верници, вероисповеди биле: Римокатоличката црква со 1 382 603, Јужната баптистичка конвенција со 868 587 и Обединетата методистичката црква со 160 153 следбеници.

Како и други јужни земји, населението во Луизијана е, исто така, составено од бројни протестантски вероисповеди, кои опфаќаат 60% од возрасното население во државата. Протестантите се најмногу застапени во северните и централните делови од земјата и во северното ниво на парохиите во Флорида. Поради наследство од Французите и Шпанците, чии потомци се Кажун и француските Креолци, подоцна ирските, португалските и германските имигранти, постои мнозинство на римокатоличко население, особено во јужниот дел од земјата.

Бидејќи француските Креолци биле првите доселеници, платажери и водачи на територијата, тие традиционално биле добро застапени во политиката. На пример, на почетокот, најголем број од гувернерите биле француско-креолски католици. Поради тоа што католиците сочинуваат мнозинство од населението во Луизијана, тие продолжуваат да бидат влијателни во државната политика. Почнувајќи од 2008 година сенаторите и гувернерите се католици. Високиот процент и влијанието на католичкото население ја прави Луизијана различна меѓу јужните држави.

Сегашната верска припадност на жителите на Луизијана:

  • Христијани- 90%
  • Протестанти – 60%
  • Евангелиски протестанти- 31%
  • Протестанти-црнци- 20%
  • Главни протестанти – 9%
  • Римокатолици- 28%
  • Други хистијани- 2%
  • Јеховини сведоци- 1%
  • Други религии- 2%
  • Ислам – 1%
  • Будизам – 1%
  • Јудаизам – помалку од 0,5%
  • Атеисти – 8%

Еврејски заедници постојат во поголемите градови во државата, особено во Батон Руж и Њу Орлеанс. Најважна од овие е еврејската заедница во областа на Њу Орлеанс, со население од 12 000 жители пред ураганот Катрина. Присуството на значајна еврејска заедница, основана во почетокот на 20 век, исто така направи од Луизијана необична држава меѓу јужните земји, иако Јужна Каролина и Вирџинија имале влијателно население во некои од нивните најголеми градови од 18 и 19 век. Меѓу истакнатите евреи во политичкото раководство на Луизијана се вбројуваат виговецот ( подоцна демократ) Јуда Бенџамин (1811–1884), кој ја застапувал Луизијана во американскиот Сенат пред Американската граѓанска војна и потоа станал Сојузен државен секретар; демократот Адолф Мејер (1842-1908), сојузен офицер кој ја претставувал државата во амеркинаскиот Претставнички дом од 1891 година сè до својата смрт во 1908 година; републиканскиот државен секретар Џеј Дарен (1954- ) и републиканецот (демократ пред 2011 година) врховен обвинител, Бади Колдвел (1946- ).

Луизијана како мотив во ументоста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. „Expert: N.O. population at 273,000“. WWL-TV. 7 август 2007. Архивирано од изворникот на 2007-09-26. Посетено на 2008-03-07.
  2. „Relocation“. Connecting U.S. Cities. 3 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2014-02-09. Посетено на 2008-03-07.
  3. 3,0 3,1 „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. 2005. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 3 ноември 2006.
  4. Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023)

Координати: 31° СГШ 92° ЗГД