Лудвиг II (Баварија)

(Пренасочено од Лудвиг Втори)

Лудвиг II (германски: Ludwig Otto Friedrich Wilhelm; 25 август 1845 - 13 јуни 1886) — крал на Баварија од 1864 година до неговата смрт во 1886 година. Понекогаш се нарекува Крал на Лебедите или Крал на Бајките. Ги носел титулите гроф Палатин од Рајна, војвода од Баварија, војвода од Франконија и војвода во Швабија.[1][2]

Лудвиг II
Лудвиг II на 20-годишна возраст, од Фердинанд Пилоти, 1865
Крал на Баварија
На престол10 март 1864 – 13 јуни 1886
ПретходникМаксимилијан II
НаследникОто
Роден(а)25 август 1845
Нимфенбург, Минхен, Кралство Баварија, Германски Сојуз
Починал(а)13 јуни 1886 (возр. 40)
Штанбершко Езеро, Минхен, Кралство Баварија
Почивалиште
Полно име
македонски: Лудвиг Ото Фридрих Вилхелм
германски: Ludwig Otto Friedrich Wilhelm
ДинастијаДинастија Вителсбах
ТаткоМаксимилијан II од Баварија
МајкаМарија од Прусија
ВероисповедРимокатоличка црква
ПотписЛудвиг II's signature

Лудвиг го наследил престолот во 1864 година. Имал само 18 години. Две години подоцна, Баварија и Австрија беа во неколку неделна војна со Прусија, која ја загубија. Меѓутоа, во Француско-пруската војна од 1870 година, Баварија застана на страната на Прусија против Франција, и по пруската победа, стана дел од новата Германска Империја, составена од 22 монархии, предводени од Пруската монархија, чиј крал стана Германски император (гер. Deutscher Kaiser). Двајцата кандидати за новиот Кајзер, односно император, беа Лудвиг и неговиот братучед Вилхелм, кој вториот на крајот победи. Сепак, Баварија задржа голем степен на автономија за некои прашања во рамките на Империјата, која беше наречена Гермаснки Рајх. Во новиот Империјален устав, Баварија успеа да си обезбеди обемни права, особено во врска со воениот суверенитет. Армијата не само што ги задржа сопствените војници и опрема, како и кралствата Саксонија и Виртемберг, министерството за војна и воениот правосуден систем, туку исто така беше исклучена од новата Царска армија, освен за време на војна, кога се вклучуваше во Царската армија. Баварија, исто така, ги задржа своите пешадиски униформи со светло-сина боја, лесната коњаница и некои други особености. Офицерите и војниците на Баварската армија продолжија да даваат заклетва на кралот на Баварија, а не на германскиот император. Како и да е, Лудвиг сè повеќе се повлекуваше од секојдневните државни работи во корист на екстравагантни уметнички и архитектонски проекти. Тој нарача изградба на две раскошни палати и замокот Нојшванштајн, и беше посветен покровител на композиторот Рихард Вагнер. Лудвиг ги потрошил сите свои кралски приходи (не државни средства како што обично се мисли) за овие проекти, позајмил обемно и им пркосел на сите обиди на неговите министри да го ограничат. Оваа екстравагантност беше искористена против него за да го прогласи за луд, обвинение кое оттогаш е под лупа. Денес, неговото архитектонско-уметничко наследство вклучува многу од најважните туристички атракции на Баварија.[3]

Наводи

уреди
  1. At 00.28 hours: J.G. Wolf 1922, p. 16. Compare Ludwig's remark to Anton Niggl on 11/12 June 1886 about being born and going to die at 12.30 (Hacker 1966, p. 363 quoting Gerold 1914, pp. 91–3)
  2. Adreßbuch von München 1876, p. 1.
  3. Thadeusz, Frank (31 January 2014). „Mad King Ludwig? Study claims Bavarian monarch was sane“. Der Spiegel. Hamburg. Посетено на 1 February 2014.