Лубе Џибитоски
Лубе Костов Џибитоски ( 1883 во Кичево — 1944 во Солун, Егејска Македонија, Грција) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Лубе Џибитоски | ||
Роден | 1883 година Кичево, Македонија како дел од Османлиското Царство. | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Солун, Егејска Македонија, денешна Грција | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПретежно се занимавал со земјоделие. За време на окупацијата бил организиран од неговиот син, така што во есента 1943 година заминал партизан, прво во Групата баталјони каде бил интендант при Главниот штаб, а потоа заедно со својот син бил во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата заминал во Егејска Македонија и во зимата 1944 година бил фатен од бугарските фашисти во селото Герман, бил однесен во Солун ѝ убиен.[1]