Национална галерија (Лондон)

Национална галерија во Лондон (англ. National Gallery) е државна уметничка галерија која се наоѓа во престолнината на Обединетото Кралство. Галеријата се наоѓа на северниот дел од плоштадот Трафалгар.

Национална галерија
National Gallery
Поглед на Националната галерија од Нелсоновиот столб
Карта
Основан1824
МестоТрафалгарски плоштад, Лондон, Англија, В. Британија
Координати51°30′31″N 0°07′42″W / 51.5086° СГШ; 0.1283° ЗГД / 51.5086; -0.1283
Посетеност4.780.030 (2009)[1]
  • II место во земјата
ДиректорНиколас Пени
Јавен превозЧеринг Крос
Ембанкмент ( Черинг Крос100m)
Лестер Сквер
Мреж. местоwww.nationalgallery.org.uk

Во оваа галерија се наоѓаат едни од најзначајните светски колекции на западноевропското сликарство во периодот од 1250-1900 година. Во оваа галерија се наоѓаат околу 2.300 дела. Во целина можеби оваа галерија е мала, но содржи доста квалитетни дела. Годишно се посетува од страна на околу 5 милиони туристи.

Националната галерија била основана во 1824 година, кога британската влада ги откупила делата на рускиот банкар Јулијус Ангерштајн (36 слики). Во денешниот објект галеријата била префрлена во 1838 година. Нејзин дизајнер бил Вилијам Вилкинс, чија фасада била изработена во неокласичен стил.

Во продолжение на галеријата се наоѓа Националната портретна галерија, која чува 10.000 портрети на истакнати Британци во историјата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „VISITS MADE IN 2009 TO VISITOR ATTRACTIONS IN MEMBERSHIP WITH ALVA“. Association of Leading Visitor Attractions. Посетено на 21 May 2010.