Локсштет
Локсштет (германски: Loxstedt; долногермански: Lox) — општина во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од градот Бремерхафен.
Локсштет | |
Воздушен поглед (2012 г.) | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Куксхафен |
Градоначалник | Детлеф Велброк (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 141,24 км2 |
Надм. височина | 1 м |
Население | 16.387 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 116 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CUX |
Пошт. бр. | 27612 |
Повик. бр. | 04703, 0471, 04740, 04744 |
Портал | www.loxstedt.de |
Местоположба на Локсштет во рамките на округот Куксхафен | |
Координати | 53°28′0″N 8°39′0″E / 53.46667° СГШ; 8.65000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината се наоѓа јужно од градот Бремерхафен. Сместена е во Северногерманската Низина и е опкружена од мочуришни подрачја. Во општинските граници се наоѓаат повеќе заштитени подрачја. На запад општината се граничи 15 километри со реката Везер. Јужно од главното место се влива Луне, помала притока на Везер, која тече низ општината.
Општински единици
уредиОпштината се состои од 20 места, кои се делат и на други помали имоти. Во следната табела се местата со бројот на жители. Воедно, дадени се катастарските површини на поранешните истоимени општини од 1965 година.
Местата Бител, Холте и Швеген се создадени од различни општини и поради тоа за нив податоците се предвидени.
Место | Број на жители | Површина (км²) (1965) | Места или имоти |
---|---|---|---|
1. Бексхефеде | 2240 | 12,27 | Хозермилен, Јункернхозе, Никел |
2. Бител | 260 | 1,74 | Бутел, Индик, Швингенбург, Швингенфелд |
3. Дедесдорф-Ајдеварден | 556 | ||
4. Донерн | 590 | 14,39 | Бекен |
5. Диринг | 848 | 9,53 | Фридрих-Вилхелмсдорф |
6. Флесте | 102 | 2,64 | |
7. Ханенкноп | 226 | 5,50 | Дростендам |
8. Хетхорн | 86 | 4,03 | Морхаузен |
9. Холте | 72 | 2,05 | Шпекје |
10. Ланхаузен | 260 | 3,81 | Веле |
11. Локсштет | 5687 | 12,26 | Диненфер, Хоевурт, Зидевурт |
12. Мајхаузен | 49 | ||
13. Несе | 1393 | 6,20 | Им Цоленхам |
14. Нојенланде | 120 | 10,67 | |
15. Оверварфе | 149 | Оверварферзил | |
16. Швеген | 234 | 1,86 | Лангендамсмор, Нојенландермор |
17. Штинштет | 783 | 6,18 | |
18. Штотел | 2591 | 10,99 | Зандберг (Штотелермор) |
19. Итерланде | 389 | Ауф дер Јирде | |
20. Вимсдорф | 150 |