Тероар
Тероар (француски: terroir = „поднебје“) — француски израз кој се користи при оценка на вино и кафе, за означување на специфичните географски одлики кои обдариле со особеност еден производ. Овој смисол за месност е отелотворен во извесни одлики, и збирот на влијанијата на локалната животна средина врз одгледувањето на растението и изработката на производот.
Особено познат и наградуван тероар во Македонија е Барово, Демиркаписко.[1]
Дефиниции
уредиСпоред Terroir-France, „тероар е група лозја (или дури и лозници) од еден ист регион под заедничко име, кои растат на ист тип почва, временски прилики, исти методи на одгледување на грозјето и правење вино, кои придонесуваат кон специфичните одлики на виното.“ Некои стручњаци додаваат и историја, традиција, сопствеништво на лозјето и други фактори.
Денешното значење на изразот е пошироко од само географско, но тука почнуваат несогласувањата. Некои велат дека тероарот нема никаква врска со сортата на лозата, гроздоберот и методите на производство (винарство и др.), и претставува на низа локални влијанија кои се пренесуваат врз карактерот на производот.
Исто така се поставува прашањето дали тероарот е измерлив, и улогата која тој ја игра во производството на „добро“ вино - сето тоа е тема на расправа. Работата уште повеќе се усложнува со тоа што некои енофили го користат терминот тероар за вина кои се карактеристични и уникатни за нивното географско потекло. Во овој случај, тероар не се однесува на земјата, туку на виното.
Елементи
уредиКомпоненти на еден тероар се:
- Мезоклима
- Тип на почва - колку е плодна, дали е главно варовница или глинеста?
- Геологија - Добра или лоша исцедливост, карпестото тло е плитко или длабоко?
- Ориентација - дали растенијата се изложени на доволно сонце заради правецот (јужно на северната полутопка) и нагибот на земјиштето?
- Надморска височина - повисока надм. височина значи иста изложеност на сонце, но пониски температури.
- Организација на лозјето - оддалеченост на стеблата, правец, методи на оплодување, „зелени берби“ методи на кастрење, методи на гроздобер и други фактори.
- Винарски практики - избор за мешање, траење на ферментација, температура на ферментација, пропорција на нови дабови буриња за одлежување, траење на одлежување, одлуки за префинување и филтрирање и многу други фактори.
- Човечка историја на земјата - веќе колку долго земјата е обработувана, кој ја поседувал и многу други фактори.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Echikson, Tom. Noble Rot. NY: Norton, 2004.
- Lukacs, Paul. American Vintage. NY: Norton, 2000.
- Taber, George M. Judgment of Paris: California vs. France and the Historic 1976 Paris Tasting that Revolutionized Wine. NY: Scribner, 2005.
- Terroir-France Што значи тероар ? (англиски)
Наводи
уреди- ↑ Барово Архивирано на 30 декември 2013 г. — „Тиквеш“