Ли (река)
Ли (кинески: 漓江, пинјин: Lí Jiāng, Лиџанг) — река во покраината Гуангси во НР Кина и притока на Бисерната Река.
Избира во Маоар во округот Сјинган и тече јужно низ окрузите Гуејлин, Јангшуо и Пингле. Во Пингле реката се спојува со две други помали реки и продолжува на југ под името Гуеј, која пак се влева во реката Си, која е западна притока на Бисерната Река во Вуџоу.
Во горното течение, реката Ли е поврзана преку древниот канал Лингчи со реката Сјанг, која тече на север и се влева во Јангцекјанг. Затоа во минатото реките Ли и Гуеј претставувале мошне важни водни патишта кои ја поврзувале долината на Јангцекјанг со делтата на Бисерната Река.
Реките Ли и Гуеј имаат течение од 437 километри со карактеристични стрмни зелени ридови од обете страни. Позната атракција на реката Ли е рибарењето со корморани. Необичните карстни ридови во тие предели неретко се споредуваат со оние во заливот Халонг во Виетнам.
Предели
уредиДолж 100 километри по течението на Ли се извишуваат планински врвови. Оваа област е меѓу најпознатите предели во Кина. Некои поважни места од интерес се:
- Карпа на Писките: a варовничка пештера with a large number of сталактити, сталагмити, сталакто-сталагмити, карпести пердиња и пештерски корали.
- Парк „Седум ѕвезди“: најголемиот парк во Гуејлин.
- Планина на Раскошните Бои: планина составена од многу слоеви на карпи во најразлични бои.
- „Сурла“: рид што изгледа како огромен слон како пие вода со сурлата. Ова е симбол на градот Гуејлин.
- Каналот Лингчи: прокопан во 214 п.н.е., еден од трите големи водоснабдувачки проекти во древна Кина и најстариот постоечки канал во светот.
- Други атракции: врвот Дусју, паркот Нанси, реката Таохуа, џиновскиот банјан, и националниот фолклорен парк Хуашан-Лиџанг.
Пределите на реката Ли се прикажани на банкнотата од 20 јуани.
Галерија
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Ли (река)“ на Ризницата ? |
- Национален парк Гуејлин и Лиџанг Архивирано на 9 декември 2010 г. (англиски)
- Речни крстарења по Ли (англиски)