Афонсо Енрикес де Лима Барето (португалски: Afonso Henriques de Lima Barreto) (13 мај 1881, Рио де Жанеиро, Бразил - 1 ноември 1922, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател и новинар.

Животопис

уреди
 
Лима Барето

Родителите на Лима Барето биле Мулати, така што поради своето потекло тој страдал во текот на целиот живот, поради што му се препуштил на алкохолизмот. Тој учествувал активно во интелектуалниот живот на Бразил и соработувал со бројни весници и списанија. Воодушевен од Октомвриската револуција, тој напишал манифест посветен на неа. Умрел рано, на возраст од 41 година, во Рио, во крајна сиромаштија.[1]

Творештво

уреди

Целокупното творештво на Лима Барето (романи, раскази и хроники) има карактер на протест против дискриминацијата, предрасудите, глупоста, самоволието и социјалната неправда. Токму поради острата критика на своето време, тој останал непризнат од неговите современици, со исклучок на неколку критичари. Дури и 50 години по неговата смрт, постоела забрана за објавување на неговите дела во сите поважни бразилски весници, а главната причина за тоа бил романот „Спомените на писарот Исајас Камиња“ во којшто Барето го прикажал животот во редакцијата на еден весник. Дури 100 години по неговото раѓање и 50 години по смртта, Бразил го признал Барето како еден од основоположниците на современиот роман и како еден од врвните писатели на оваа земја. Неговите дела се објавени во 17 томови, како и исцрпна монографија за неговиот живот и за творештвото. Најважни дела на Барето се: романот „Спомени на писарот Исајас Камиња“ (1909), романот „Тажниот крај на Поликарпо Кваресма“ (1915), збирката раскази „Нума и нимфата“ (1915), „Животот и смртта на М. Ј. Гонзага де Са“ (1915), збирката раскази „Истории и сништа“ (1920) итн.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 285-286.