Лилијана Танги
Лилијана Танги – француска политичарка родена на 12 март 1967 година. Член е на движењето „Напред!“ (La République en marche !) и пратеничка во Националното собрание од Финистер од 21 јуни 2017 година.
Лилијана Танги Liliane Tanguy | |
---|---|
Во Националното собрание, јуни 2017 година. | |
Пратеничка во Националното собрание од Финистер | |
На должноста | |
Стапил 21 јуни 2017 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 12 март 1967 Панчево, Југославија |
Националност | Французинка |
Живеалиште | Комбрит |
Установа | Политички науки Париз Универзитет Пари-Дофин Универзитет Париз 1 Пантеон-Сорбона |
Професија | функционер од категорија A |
Животопис
уредиТанги е родена во Панчево (Југославија) на 12 март 1967 година од татко Македонец и мајка Хрватка кои емигрирале во Франција.
Дипломирала Политички науки во Париз во 1990 година, магистрирала економија на универзитетот Париз 1 Пантеон-Сорбона и завршила специјалистички студии за меѓународни односи на универзитетот Пари-Дофин. Деветнаесет години работела во телекомуникациската компанија „Франс телеком“ која подоцна станала „Оранж“ (од април 1992 до декември 2010 година), потоа седум години во болничка администрација во Лорјан, а потоа во Кемпер.