Лидски замок (Белорусија)
Лидски замок (белоруски: Лідскі замак; руски: Лидский замок) – замок во градот Лида во Гродњенска Област, на запад од Белорусија. Еден е од неколкуте замоци кои ги подигнал големиот литвански кнез Гедимин на почетокот на 14 век за подобра одбрана на своите земји од упади на тевтонските крстоносни витези.
Лидски замок Лідскі замак | |
---|---|
Лидскиот замок денес | |
Општи податоци | |
Град | Лида |
Земја | Белорусија |
Почната | 1330-ти |
Историја
уредиЗамокот е изграден на природно возвишување опкружено со две реки, Каменка и Лидзеја на исток и запад, додека на северната страна постоел канал со ширина од 20 метра кој го раздвојувал замокот од остатокот на населбата. Изградбата почнала во текот на 1323 година, а како главен градежен материјал бил користен камен (ѕидовите подоцна биле зајакнати со црвена цигла). Изградбата завршила во 1328 година. Замокот бил изграден во облик на неправилен квадрат со две кули една спроти друга. Во внатрешноста на замокот се наоѓала и православна црква која во 1533 година била преместена во средиштето на градот, како и бројни важни институции на тоа време (суд, архив).
Иако замокот имал утврдени ѕидини, во неколку наврати паднала под власт на напаѓачите. Витезите од Тевтонскиот ред го освоиле Лидскиот замок во два наврати, во 1384 и 1392 година.
Во текот на Големата северна војна (1700—1721) Швеѓаните во два наврати го опустошиле замокот (и самиот град Лида) и двата пати ги срушиле неговите кули. Последната голема битка под ѕидините на Лидскиот замок се случила во 1794 година за време на востанието на Тадеуш Кошќушко против Русите.
После големиот пожар кој во 1891 година го зафатил градот и уништил голем дел од градбите во него, југозападната кула и делови од западниот ѕид биле срушени, а материјалот бил искористен за обнова на опожарените куќи. Целосното уништување на градбата е спречено од екипа археолози од Санкт Петербург, а делумна обнова на ѕидините била вршена во текот на 1920-тите години. На 22 јануари 1940 година, по Сталинова одредба, замокот бил прогласен за археолошки споменик, а во 1953 година бил ставен под државна заштита.[1]
Поинтензивна реставрација започнала во текот на 1982 година кога дотраените цигли биле заменети со нови, испечени на традиционален и автентичен начин. Реставрирани биле сите ѕидови, а секој од нив бил висок 12 метра. Целокупната реставрација била завршена во 2010 година.
Секоја година во замокот се одржува традиционален турнир во средновековни витешки дисциплини. Кулите се претворени во музеи со постојани поставки поврзани со историјата на замокот и градот.
Галерија
уреди-
Замокот во 2007
-
Гравура од 1890
-
Пластичен детаљ од ѕидовите
-
Поштенска марка издадена во 2012 година
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Лидски замок (Белорусија)“ на Ризницата ? |
- М. Шимелевич. Город Лида и Лидский замок (Вильно, 1906)
- Lida Castle on 3D F4 Map
- Трусов О. Древних стен возраждение. Прошлое и настоящее Лидского замка Архивирано на 4 март 2016 г.
- ↑ (англиски) Лидски замок – официјални страни на Белорусија Архивирано на 15 ноември 2020 г., belarus.by