Ласки јазик (ლაზური ნენა, lazuri nena; грузиски: ლაზური ენა, lazuri ena; ჭანური ენა, č'anuri ena, или chanuri ena) — јужнокавкаски јазик кој се зборува од Ласите во југоисточните брегови на Црното Море, поточно во Турција и во делови од Грузија. Се проценува дека овој јазик го зборуваат околу 30.000 жители[1] во Турција и околу 2.000 во Грузија.[1]

Ласки јазик
Lazuri, ლაზური
Застапен во Турција,  Грузија,  Германија
Говорници33.250 во 1980[1]  
Јазично семејство
Писмолатиница, грузиска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3lzz
Карта на картвелските јазици.

Класификација

уреди

Ласкиот е еден од четирите јужнокавкаски јазици. Заедно со мегрелскиот јазик ја формира подгрупата на зански јазици. Двата јазика се слични и според некои јазичари овие два јазика се дијалекти на занскиот јазик. Сепак не е можно да се поставува еден зански јазик, бидејќи тој се распаднал на двата денешни јазика.

Дијалекти

уреди

Ласкиот јазик има пет главни дијалекти:

  • хопуриски дијакт,
  • витзуриско-аркабулиски дијалект,
  • чхаласки дијалект,
  • атинуриски дијалект,
  • арташенуриски диајлект.

Последните два дијалека се сметаат за еден „пазарски дијалект“. Често, луѓето кога зборуваат на своите дијалекти имаат проблеми со разбирањето.

Споредба на дијалектите
македонски пазарски арташениски аркабиски хопа-батумиски
Јас сакам malimben maoropen p’orom p’qorop
Ти сакаш galimben gaoropen orom qorop
Тој, таа, тоа сака alimben aropen oroms qorops
Ние сакаме malimberan maoropenan p’oromt p’qorot
Вие сакате galimberan gaoropenan oromt qoropt
Тие сакаат alimberan aoropenan oroman qoropan

Социјален и културен статус

уреди
 
Книга „Мајчин јазик“ на ласки.
 
Ласки весник од 1928.

Ласкиот јазик нема службен стгатус ниту во Турција, ниту во Грузија и нема пишан стандард. Моментално, овој јазик се користи за секојдневна употреба, но и за литературата, бизнисот и останати општествени активности, За официјална употреба, Ласите или користат турски или грузиски.

Овој јазик е уникатен од сите јужнокавкаски јазици бидејќи воглавно не се зборува во Грузија, туку во Турција. Иако разликите меѓу различните ласки дијалекти се мали, сепак самите говорници сметаат дека тие се големи. Бидејќи нема стандарда форма на јазикот, за подобро разбирање луѓето користат турски јазик.

Во периодот од 1930 и 1938, ласкиот и мегрелскиот јазик уживале културна автономија во Грузија, но сепак не биле официјални. Од тогаш, не се воспоставиле обиди за стандардизирање на двата јазика, иако голем број интелектуалци сепак ги користат истите како еден вид стандарди.

Во Турција од 1984 година, ласкиот јазик е пишан јазик. Јазикот користи азбука заснована на турската латиница. Од тогаш, таа азбука се користи за објавување на ласки јазик. Бидејќи грузиската азбука е специјално создадена за јужнокавкаскиот фонетски систем, истата подобро функционира за ласкиот одошто латиницата, но бидејќи поголем дел живеат во Турција се користи латиницата. Првиот турско-ласки речник бил објавен во 1999 година.

Ласите не го користат ласкиот јазик на училиште, туку ги користат турскиот и грузискиот. Скоро сите Ласи се двојазични, или зборуваат турски или грузиски, покрај мајчиниот. Турскиот јазик има значително влијание на речничкиот состав на ласкиот.

Особености

уреди

Јазичарички одлики

уреди

Како и останатите кавкаски јазици, ласкиот има богат систем на согласки, всушност овој јазик има најмногу согласки од сите јужнокавкаски јазици и има само пет самогласки. Именките се менуваат со додавање суфикци за да се искаже граматичката функција. Јазикот има од 4 до 7 падежи (во зависност од дијалектот), потоа има број но нема род.

Ласките глаголи се менуваат со додавање суфукси во согласност со лицето и бројот, како и според граматичкото време, аспек, начин или евидентност.

Граматички одлики

уреди

Некои специфични граматички одлики се:

  • две додатни согласки, /f/ и /h/;
  • сите именки завршуваат на самогласка.
  • моголема инфлекција на глаголи, преку употреба на дирекционални претставки.
  • значајни позајмени зборови од турските јазици

Примери

уреди
  • ho (ჰო) — да
  • va (ვა) — не
  • ma (მა) — јас
  • si (სი) — ти
  • skani (სქანი) — твое
  • çkimi (ჩქიმი) — мое
  • Gegeacginas. / Xela do k’aobate. (გეგაჯგინას. / ხელა დო კაობათე.) — здраво.
  • Kai serepe. (კაი სერეფე.) — добра ноќ.
  • Kai moxt’it. (კაი ბოხტით.) — добредојде
  • Didi mardi. (დიდი მარდი.) — благодарам
  • Muç’ore? (მუჭორე?) — Како си?
  • Kai vore. (კაი ვორე.) — Добро сум.
  • Dido xelebas vore. (დიდო ხელაბას ვორე.) —Јас сум многу среќен.
  • Sonuri re? (სონური რე?) — Од каде си?
  • T’amt’ra (ტამტრა) —Трабзон
  • Londoni (ლონდონი) — Лондон
  • Turkona / Turketi (თურკონა / თურკეთა) — Турција
  • Xorz'a / Oxorca (ხორძა) — жена
  • K'oçi (კოჩი) — маж
  • Bozo (ბოზო) — девојче
  • Biç’i (ბიჭი) — момче
  • Supara (სუპარა) — книга
  • Megabre (მეგაბრე) — пријател
  • Qoropa (ყოროფა) — љубов
  • Mu dulya ikip? (მუ დულჲა იქიფ?) — Која е твојата работа?
  • Lazuri gişkuni? (ლაზური გიჩქინი?) — Дали знаеш ласки?
  • Skani coxo muren? (სქანი ჯოხო მურენ?) — Како се викаш?
  • Ma si maoropen. (მა სი მაოროფენ.) — Те сакам.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Laz“. Ethnologue.

Користена литература

уреди
  • Kojima, Gôichi (2003) Lazuri grameri Chiviyazıları, Kadıköy, İstanbul, ISBN 975-8663-55-0 (notes in English and Turkish)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди