Мегрелски јазик
Мегрелски или мингрелски јазик (მარგალური ნინა, маргалури нина; грузиски: მეგრული ენა, мегрули ена) — јужнокавкаски јазик кој се зборува во западна Грузија, поточно во регионите Мегрелија и Абхазија. Порано јазикот бил познат како иверски јазик.
Мегрелски | |
---|---|
მარგალური ნინა маргалури нина | |
Застапен во | Грузија |
Подрачје | Мегрелија, Абхазија |
Говорници | 500.000 (1989) |
Јазично семејство | |
Писмо | грузиска |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | xmf |
Распространетост и статус
уредиДенес не постојат сигурни податоци за вкупната бројка на луѓето што зборуваат мегрелски, но се проценува дека таа изнесува од 500.000 до 800.000 жители. Повеќето живеат во Мегрелија, регион на црноморското крајбрежје во близина на Сванските Планини. Помали заедници на Мегрелци постојат и во Абхазија, но поради нестабилноста на регионот голем број Мегрелци се преселиле во Грузија. Мегрелскиот јазик најчесто се пишува со грузиска азбука, но сепак нема пишам стандард и нема службен стгатус. Скоро сите Мегрелци се двојазични, така што мегрелскиот го користат за домашна употрба и секојдневна комуникација, додека грузискиот јазик го користат на официјално ниво.
Историја
уредиМегрелскиот јазик е еден од јужнокавкаските јазици. Тој е сличен со ласкиот јазик, од кого се разделил во последните 500 години, особено кога овие два јазика биле разделени од Турците. За разлика од ласкиот, со грузискиот не е толку сличен и уште помалку од сванскиот јазик.[2]. Мегрелскиот не е разбирлив за ниту еден од јужнокавкаските јазици, но можат да се забележат некои зборови слични со ласките.
Некои јазичари тврдат дека ласкиот и мегрелскиот јазик се дијалекти на занскиот јазик[3], но сепак денес не постои никаква можност за да се зборува за еден зански јазик, кој бил распаднат на двата денешни. Најстариот запис на мегрелски датира од XIX век и е со етнографска содржина.
Дијалекти
уредиГлавните дијалекти на мегрелскиот јазик се:
- зуддидиски или северозападен дијалект
- ѕвариски дијалект
- сенакиски или југоисточен дијалект
- мартвилиско-банѕаски дијалект
- абашаски дијалект
Наводи
уреди- ↑ http://www.icgl.org/articles/ReviewofColchian.doc Архивирано на 1 март 2012 г. K'olxuri Ena (Colchian Language)
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2011-06-10. Посетено на 2011-06-10.
- ↑ http://www.icgl.org/articles/ReviewofColchian.doc Архивирано на 1 март 2012 г. K2olxuri Ena (Colchian Language)
Користена литература
уреди- Aleksandre Tsagareli (1880), Megrelskie Etiudi, Analiz Fonetiki Megrelskogo Yazika ("Megrelian Studies — The Analysis of Phonetics of Megrelian Language"). (руски)
- Ioseb Kipshidze (1914), Grammatika Mingrel’skogo (Iverskogo) Jazyka ("Grammar of Megrelian (Iverian) Language"). (руски)
- Shalva Beridze (1920), Megruli (Iveriuli) Ena ("Megrelian (Iverian) Language").
- Laurence Broers (2004), Containing the Nation, Building the State - Coping with Nationalism, Minorities, and Conflict in Post-Soviet Georgia.
- English-Mengrelian dictionary
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Мегрелскиот јазик на Етнолог
- Нанаши Нина - првиот буквар на мегрелски
- TITUS Caucasica: мегрелски јазик на германски.
- Мегрелско-грузиски речник
- Мегрелски проект
- Колекција мегрелска поезија Архивирано на 22 април 2015 г. на lakada.blog.com