Ланијакеја

галактичко суперјато

Ланијакеја (хавајски: Laniakea - „неизмерни небеса“)[2]галактичко суперјато во кое е смстен Млечниот Пат и околу 100.000 други околни галаксии. Определено е во септември 2014 г. кога група астрономи како Р. Брент Тали од Хавајскиот универзитет, Елен Куртоа од Лионскиот универзитет, Јехуда Хофман од Еврејскиот универзитет во Ерусалим и Даниел Помаред од Париз-Сакле објавиле нов начин на определба на суперјатата според релативните брзини на галаксиите.[3][4] Според новата определба, суперјатото Девица дотогаш сметано за месно влегува во Ланијакеја како нејзин крак.[5][6][7][8][9]

Ланијакеја
Карта на суперјатото Ланијакеја и неговите составни галактички јата
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездијаЈужен Триаголник и Рамнило
(Голем Привлекувач)
Ректасцензија10ч 32м
Деклинација−46° 00′
Најсјаен членМлечен Пат (m –5,0)
Бр. на галаксии100.000–150.000
Матична структураРиби-Кит
Голема полуоска520 милиони сг (159 Мпс) h−1
0,6780 ± 0,077

(H0 од „Планк“ 2013)
Црвено поместување0,0708 (средиште)
Оддалеченост
(сопатна)
250 милиони сг (77 Мпс) h−1
0,6780 ± 0,077

(Голем Привлекувач)
(H0 од „Планк“ 2013)
Врзивна маса1×1017[1] M
Други назнаки
Месно Суперјато, коплекс Ланијакеја
Карта на суперјата во блиската вселена. Ланијакеја е со жолто.
Видео со Ланијакеја и околните суперјата и галаксии во 3Д-претстава

Понатамошните изучувања укажуваат на тоа дека суперјатото Ланијакеја не е гравитациски врзано. Ова значи дека со време тоа ќе се растури, и нема да ја задржи својата необична густина во однос на околните подрачја.[10]

Особености

уреди

Суперјатото Ланијакеја опфаќа околу 100.000 галаксии кои се протегаат 160 мегапарсеци (520 милиони светлосни години). Има приближна маса од 1017 сончеви маси или 100.000 пати поголема од нашата галаксија, што е речиси иста со масата на суперјатото Часовник.[3] Има четири составни делови, кои порано се сметале за одделни суперјата:

Најмасивни галактички јата во суперјатото Ланијакеја се Девица, Водна Змија, Кентаур, Ејбел 3565, Ејбел 3574, Ејбел 3521, Печка, Еридан и Рамнило. Сето суперјато се состои од 300 до 500 познати галактички јата и групи. Вистинскиот број може да е многу поголем бидејќи некои од нив ја патуваат по Зоната на избегнување, подрачје на небото прикриено од гас и прашина од галаксијата Млечен Пат, што ги прави невидливи.

Суперјатата се меѓу најголемите структури во вселената и имаат тешко одредливи граници, особено однатре. Во секое суперјато, највеќето галактички движења се насочени навнатре кон тежиштето. Во случајот на Ланијакеја, ова гравитациско жариште се нарекува Голем Привлекувач и влијае врз движењата на Месната Група на галаксии (во која е Млечниот Пат) си сите други во суперјатото. За разлика од нејзините составни јата, Ланијакеја не е гравитациски врзана и се предвидува дека ќе биде растргната од темна енергија.[7]

Иако постоењето на суперјатото Ланијакеја е потврдено во 2014 г.[3] предлогот за повразност на неколку суперјата е даден уште во 1980-тите. На пример, јужноафриканскиот астроном Тони Ферол во 1988 г. изјавил дека црвените поместувања укажуваат на сврзаност помеѓу суперјатаат Девица и Водна Змија-Кентаур.[12]

Местоположба

уреди

Во околина на Ланијакеја се суперјатата Шеплиево, Херкул, Береникина Коса и Персеј Риби. Рабните граници помеѓу Ланијакеја и нив не биле јасно познати кога се определувала Ланијакеја.[6] Оттогаш изучувањето на овие граници е мошне напреднато.[13][14]

Самата Ланијакеја е составен дел на суперјатниот комплекс Риби-Кит, кој претставува галактичка нишка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Milky Way's 'City' Just Got a New Name“. Bloomberg.com. CityLab. 3 септември 2014. Посетено на 9 септември 2014.
  2. Taylor, Charles (2014). Science Encyclopedia. Kingfisher.
  3. 3,0 3,1 3,2 Tully, R. Brent; Courtois, Hélène; Hoffman, Yehuda; Pomarède, Daniel (септември 2014). „The Laniakea supercluster of galaxies“. Nature (англиски). 513 (7516): 71–73. arXiv:1409.0880. Bibcode:2014Natur.513...71T. doi:10.1038/nature13674. ISSN 1476-4687. PMID 25186900. S2CID 205240232.
  4. Tempel, Elmo (1 септември 2014). „Cosmology: Meet the Laniakea supercluster“. Nature. 513 (7516): 41–42. Bibcode:2014Natur.513...41T. doi:10.1038/513041a. PMID 25186896.
  5. „Newly identified galactic supercluster is home to the Milky Way“. National Radio Astronomy Observatory. ScienceDaily. 3 септември 2014.
  6. 6,0 6,1 Irene Klotz (3 септември 2014). „New map shows Milky Way lives in Laniakea galaxy complex“. Reuters. Reuters.
  7. 7,0 7,1 Elizabeth Gibney (3 септември 2014). „Earth's new address: 'Solar System, Milky Way, Laniakea'. Nature. doi:10.1038/nature.2014.15819.
  8. Quenqua, Douglas (3 септември 2014). „Astronomers Give Name to Network of Galaxies“. New York Times. Посетено на 4 септември 2014.
  9. Carlisle, Camille M. (3 септември 2014). „Laniakea: Our Home Supercluster“. Sky and Telescope. Посетено на 3 септември 2014.
  10. Chon, Gayoung; Böhringer, Hans; Zaroubi, Saleem (2015). „On the definition of superclusters“. Astronomy & Astrophysics. 575: L14. arXiv:1502.04584. Bibcode:2015A&A...575L..14C. doi:10.1051/0004-6361/201425591. S2CID 119195010.
  11. Mitra, Shyamal (1989). „A Study of the Southern Supercluster“. The World of Galaxies. New York, NY.: Springer. стр. 426–427. doi:10.1007/978-1-4613-9356-6_65. ISBN 978-1-4613-9358-0. Архивирано од изворникот на 9 јуни 2018. Посетено на 23 септември 2020.
  12. Fairall, Anthony Patrick (1988). „A redshift map of the Triangulum Australe-Ara region – Further indication that Centaurus and Pavo are one and the same supercluster“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 230 (1): 69–77. Bibcode:1988MNRAS.230...69F. doi:10.1093/mnras/230.1.69.
  13. News, U. H. „Astronomers map massive structure beyond Laniakea Supercluster | University of Hawaiʻi System News“ (англиски). Посетено на 10 септември 2020.
  14. Pomarède, Daniel; Tully, R. Brent; Graziani, Romain; Courtois, Hélène M.; Hoffman, Yehuda; Lezmy, Jérémy (1 јули 2020). „Cosmicflows-3: The South Pole Wall“. The Astrophysical Journal. 897 (2): 133. arXiv:2007.04414. Bibcode:2020ApJ...897..133P. doi:10.3847/1538-4357/ab9952. S2CID 220425419.

Надворешни врски

уреди
  • „Суперјатото Ланијакеја“, Даниел Помаред, 4 септември 2014 г. — видео на Vimeo за наодите од трудот со кој е откриено јатото (англиски)
  • „Ланијакеја: Нашето суперјато“, Nature Video, 3 септември 2014 г. Прецртување на границите на вселенската карта со кое е определено нашето суперјато и наречено Ланијакеја — YouTube (англиски)